Тренчевска: Сите пратеници да го поддржат законот на СДСМ за покачување на платите до 15.000 денари

April 1, 2025
1 min read

Животниот стандард на граѓаните е на дното. Цените растат, а платите тапкаат во место. Власта одбива да ги покачи платите и работниците ги држи со најниски плати во регионот, изјави пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната прес-конференција.

„Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари, за 100 евра е зголемена во споредба со лани. Две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство.

И наместо покачување на платите, покачување на минималната плата и грижа за стандардот на народот, власта ги турка погрешните политики на ДПМНЕ.

За прв пат, минималната плата е договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите.

Резултатот? Покачување од срамни 1.800 денари, далеку од потребното и далеку од она што го заслужуваат работниците.

Истовремено, власта не го почитува ниту општиот Колективен договор – не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%.

Додека народот се дави во сметки и трошоци, ДПМНЕ троши за папаја, манго, рејтинзи и медиумски мониторинг.

За само девет месеци, оваа влада покажа што ѝ е важно – неработниците, туку бизнис интересите и личниот Пи-Ар.

СДСМ не отстапува! Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати за работниците.

На денешната собраниска седница е Законот за ослободување од плаќање придонеси за зголемени плати поднесен од СДСМ.

Со оваа мерка:

Платите може да се зголемат од 3.000 до 15.000 денари,

Компаниите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси за зголемениот дел,

400.000 работници со плата до 65.380 денари ќе добијат повисоки примања.

Ова е ударна економска мерка за поголеми плати – за работниците, за стопанството, за економијата!

Ги повикуваме сите пратеници кои се на страната на граѓаните, на страната на работниците, да гласаат и да го поддржат ова законско решение!

Платите мора да растат. Ова не е само економија – ова е борба за работничко достоинство, сигурност и подобар живот“, изјави Тренчевска.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ремек делото „Тоска“ на сцената на Националната опера и балет

Следно

Германија најави нов воен пакет од 12 милијарди долари за Украина

Latest from Blog

Министерството за финансии: Редовни исплати на плати, субвенции и капитални расходи

Министерството за финансии информира дека трезорот продолжува со редовна исплата на налозите доставени од буџетските корисници до 15 декември 2025 година. Во изминатите неколку денови преку трезорот се реализирани средства за субвенции

Божиновска: Силна и стабилна преносна мрежа услов за зелена и одржлива енергетика

На настанот, Сања Божиновска со почит ја прими благодарницата како признание за партнерството со МЕПСО, нагласувајќи дека најголемото достигнување на еден преносен оператор е кога системот функционира тивко, сигурно и без прекини.
Go toTop