Тренчевска: Никогаш во историјата на државата немало раст на пензиите за 24 отсто за околу година и половина

October 2, 2023
1 min read

реклама

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24, зборуваше на тема пензии и нивни раст согласно новата методологија.

Во однос на исплатата на пензиите согласно новата методологија и усогласувањето кое се прави два пати во годината во месеците март и септември министерката појасни дека процентот од 5.3 отсто е согласно податоците кое се добиваат од Државниот завод за статистика. Со ова усогласување минималната пензија денес изнесува  13.200 денари, а просечната над 20.000 денари.

реклама

„Оваа Влада носи системски решенија. Ако Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ  наместо популистички мерки и стиропор  инвестираше во методологија денес ќе зборевме за минимална пензија од 25.000 денари. Ние градиме систем кој гарантира постојан раст. Денес минималната пензија е 13.200 денари, ако пред година и половина минималната пензија беше 10.480 денари,  денес е 13.200 денари.  Во услови на криза, пандемија, економска криза и војна се грижиме за раст на пензии, плати и за  стандардот на граѓаните. Никогаш во историјата на државата немало раст на пензиите за 24 отсто, за околу година и половина,“ истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека многу е важно да се одржува пензискиот систем стабилен.

реклама

„Во 2022 година и 2023 година, креиравме сет мерки за пензионерите преку нив сите 336.000 пензионери добија 3000 денари , а оние со најниски пензии добија по 6000 и 4000 денари. Затоа велиме да не се оптеретува пензискиот систем и да не дојдеме во ситуација никој да не земе пензија и  за најранливите пензионери ќе направиме пакет мерки за зимскиот период  кога најмногу се потребни средства, а со здравство работиме на што повеќе лекови бидат ставени на позитивната листа на лекови,“ истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека пензиите се економска категорија и колку се вложува заедно со  должината на стажот се дефинира пензијата. Се друго е популистичка мерка. Притоа се осврна и на солидарниот систем кој го има државата и  сите оние кои имаат остварено пензии пониски од минималната пензија, државата го финансира износот до  законски утврдена минимална пензија.

реклама

„Пензиите секој први во месецот ќе бидат на сметките на пензионерите. Пензионерите да бидат спокојни, пензискиот систем е стабилен, а со соодветни социјални мерки ќе допреме до најранливите пензионери,“ порача Тренчевска.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јанкуловска: Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ како легитимно избрано ја има мојата поддршка

Следно

Судир Мицкоски – Груевски: Јанкулоска го поддржува „легитимно избраното раководство“, не гледа што би разговарала со екслидерот

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop