Треба жестоко да се бориме за она за кое сме предодредени

November 17, 2023
1 min read

На 77 годишна возраст денеска почина македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски. Целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Од дипломирањето во 1971  година кога застана на сцената на Драмски со претставата „Што виде собарот“, во себе ја носеше истата жар за професијата. Мето замина во легендите само дваесет дена откако на 26 октомври бравурозно ја изигра својата последна претстава на „My name is Goran Stefanovski“, соопштија од неговиот матичен театар.

Јовановски беше роден во 1946 година во с. Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Работеше и како професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје

Играше во над 60-тина филмски и телевизиски наслови: „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“, а кои го добил највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

Македонската и регионалната публика останува без актер кој ќе го памети по неговата харизма, а колегите актери по творечката енергија што ја пренесуваше до последниот свој здив.

Секојпат имало проблеми. И ние кога со Столе Попов сме снимале филмови имало проблеми, но треба жестоко да се бориме за она за кое сме предодредени, рече Мето Јовановски, кој во 2021 година беше добитник на наградата за особен придонес на филмската уметност која му ја додели Фестивалот „Киненова“.

Подвлече дека филмот е важен, како духовна храна.

Фестивалите се важни, филмот е важен, како и е друго во животот. На човекот за живот му треба храна, вода, чист воздух…но потребна е и духовна храна. Уметноста генерално е важна и потребна во едно општество и тука ги ставам и фестивалите како репрезент на се она што се случува во еден град или во една држава. Тие се мост на соработка, надополнување, дружење. Да не бидеме затворени, нема полошо да се биде затворен во еден простор. Не можеш да бидеш генијален или голем во мал простор, истакна Јовановски.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Двочасовен протест на Синдикатот на УПОЗ пред Владата

Следно

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ги погоди Филипини

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop