Треба да си храбар човек во Британија да зуцнеш за исламот

March 2, 2023
1 min read

Инцидентот се случил во Вејкфилд, во западен Јоркшир. Четири деца биле суспендирани од средно училиште за наводно „сквернавење“ на копија од Куранот. Раководството на училиштето веднаш се сретнало со локалните муслимански лидери за да ги смират. Се вклучила и полицијата. Соопштила дека блиску соработува со школото во врска со овој „загрижувачки инцидент.“

Што поточно се случило таму? Дали тоа толпа исламофобни вагабонти запалила куп Курани? Влегле некаде, оштетиле нечија приватна сопственост? Не. Според ББЦ, „некои од страниците биле извалкани.“ Книгата не била палена, шутирана. Полицијата соопшти дека првичната истрага сугерира дека е сторена мало „оштетување на текстот“.

„Ученици суспендирани за нанесување мала штета на книга? Па нели тоа го прават сите ученици? Кога ќе помислам на сите грозотии кои ние ги пишувавме и цртавме по нашите тетратки и учебници, па и на копија од Библијата, па не бевме суспендирани. А бевме во католичко училиште!,“ се присеќа Брендан О’ Нил во Спектатор.

Британија нема закони за бласфемија. Ги укина во 2008 година што беше голема победа за слободата на мислата и говорот. Но, идејата за  „бласфемичност“ сега повторно се враќа, завиткана во борба против „исламофобијата.“

Треба да си многу храбар човек за да се шегачиш со исламот во Британија од 21-от век, вели O’Нил. Можеш да завршиш суспендиран од школо, како учениците од Вејкфил, или суспендиран од работа, како гимнастичарот Луис Смит, или да се најдеш на црна листа на универзитетските кампуси, како што ѝ се случи тоа на иранската дисидентка и феминистка Маријам Намази.

„Треба да се потсетиме дека слободата на говорот ја вклучува и слободата да се критикува исламот. Третирањето на „непочитувањето“ на исламот како злосторство не е само тежок напад на слободата на говорот – тоа и ги понижува нашите сограѓани муслимани со тоа што ги издвојува како заедница која бара посебна заштита од слободна и отворена дискусија. Го криминализираме слободното изразување и ги инфантилизираме муслиманите кога ја цензурираме критиката на исламот. Овој „Курангејт“ треба да биде повик за будење за тоа колку нелиберална и опасна станува крстоносната војна против „исламофобијата“, пишува О’Нил.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИСПУКАНИ 14 КУРШУМИ- Меси доби шокантни закани по пукањето во супермаркет на семејството на неговата сопруга (ФОТО)

Следно

Следната средба меѓу Вучиќ и Курти ќе се одржи во Македонија

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop