Следната средба меѓу Вучиќ и Курти ќе се одржи во Македонија

March 2, 2023
1 min read

Следната средба на лидерите на Србија и Косово во рамки на дијалогот ќе се одржи во Охрид на 18 март, потврди за Радио Слободна Европа официјален претставник на Европската Унија.

Ова ќе биде средба на која лидерите ќе разговараат за планот за имплементација кој е составен дел на европскиот предлог, кој сега се нарекува Спогодба за патот кон нормализација на Србија и Косово.

Посакуваното сценарио за европската страна е ова да биде средба на која лидерите ќе договорат анекс на планот кој вклучува јасен календар за тоа кога треба да се исполнат сите елементи од европскиот договор, пишува РСЕ.

Дискусијата за овој предлог се смета за затворена за европската страна, откако српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на средбата на 27 февруари во Брисел го договорија текстот на предлогот.

Во Брисел сметаат дека без анексот за имплементација, кој се смета за составен дел на договорот, европскиот предлог би претставувал само „политичка декларација, без никаква правна или политичка обврска за страните“.

Европската страна планира, во случај на договор, и во однос на имплементацијата, да се потпишат и двата „неразделни“ дела кои го сочинуваат истиот документ.

Европските претставници очекуваат тензични разговори, особено во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, што се смета за клучен елемент на дискусијата.

Претставниците на ЕУ нагласуваат дека не сакаат да му наметнат на Косово модел кој досега не бил тестиран. Во оваа насока, тие тврдат дека веќе постојат околу 16 европски модели кои би послужиле како пример за Заедницата во Косово и велат дека сите овие модели функционираат во одредени европски земји, пишува РСЕ. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Треба да си храбар човек во Британија да зуцнеш за исламот

Следно

ТЕЛАТА ТЕШКО СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ: Бројот на жртви од несреќата во Грција стигна до 57

Latest from Blog

Сали: се формира координативно тело за следење на правичната застапеност

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, уверува дека правичната и соодветна застапеност ќе се почитува, нагласувајќи дека Владата е гарант за спроведување на законот. Тој истакна дека законот предвидува донесување подзаконски акти,

Дејан Станковиќ дел од скандалот со проституција во Италија

Веќе два дена италијанскиот фудбал го тресе сериозен скандал, поврзан со елитна проституција. Имено, полицијата и обвинителството на големо отворија случај, патем и уапсија неколкумина по повод случајот на организирање на забави,

Сали: Нов закон, нов механизам за контрола на правичната застапеност

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, уверува дека правичната и соодветна застапеност ќе се почитува, нагласувајќи дека Владата е гарант за спроведување на законот. Тој истакна дека законот предвидува донесување подзаконски акти,

Комерцијална банка Скопје (KMB), Алкалоид Скопје (ALK) и Реплек Скопје (REPL) со најголем промет, МБИ10 порасна за 0,54%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 22.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.955,29 поени и забележа раст од 0,54%, односно 53,67 поени,
Go toTop