Транснационалени вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“-потпрограма Култура

December 5, 2023
1 min read

Со дискусија посветена на „Европската димензија и одржливоста на европските престолнини на културата (ЕПК 2028)“ на 6 декември (среда) во Музејот на македонската борба за самостојност во 10:30 часот, започнува дводневниот Транснационалени вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“-потпрограма Култура.

Претставници од градот Скопје и францускиот град Руан кои се во фаза на назначување за Европски престолнини на културата (ЕПК) за 2028 година, се поканети да ги споделат искуствата на оваа тема. Истовремено,  ќе биде промовиран  проектот „CreArt“  кој партнерски го спроведуваат овие два града и придобивките од Програмата Креативна Европа (Култура) на Европската Унија, а со цел да се охрабрат организациите од културните и креативните сектори во нашата држава да земат активно учество во оваа програма на Европската Унија  и да ја дадат својата поддршка во претставувањето на Скопје и Руан како европски престолини на културата во 2028 година.

Претставниците на Канцелариите на Креативна Европа (Култура) од Белгија, Германија, СловенијаАлбанија, Црна Гора, СрбијаГрузија и од Македонија, на работилниците на 6 и 7 декември, во Музејот на македонската борба и во Порта Македонија, ќе ги претстават можностите на Програмата „Креативна Европа Потпрограма Култура“ за 2024 година, како единствен  инструмент на Европската Унија наменет за поддршка на европската културна соработка изразена преку културното творештво и обединување на различностите.

Професионалците ќе го претстават спектарот на можности за финансирање за 2024 година и ќе ги споделат искуствата и предизвиците  поврзани со спроведувањето на Програмата во нивните матични земји. Посебно внимание ќе се посвети на тековниот повик за „Проекти за европска соработка“ за 2024 годиназа кој ќе бидат споделени и совети за подготовка на успешни апликации со европска димензија.

Организирањето на овие работилници е во контекст на заложбите на Министерството за култура за олеснување на пристапот на што поголем број корисници од културните и креативните сектори во новата програма на Европската Унија.

Дводневниот транснационален настан е во организација на Министерството за култура и Канцеларијата за Креативна Европа (Култура), во соработка со партнерите и соработници: Градот Скопје (ЕПК 2028),Градот Руан, Франција (ЕПК 2028) и Канцелариите на Креативна Европа (Култура)од земјите членки на Европската Унија (Белгија, Германија, Словенија), земјите од Западен Балкан (Албанија, ЦрнаГора, Србија) и земјите од источното соседство на Европската Унија (Грузија).

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Мицкоски ќе го предводи Републичкиот изборен штаб за следните избори

Следно

Во Турција е уапсен Љупчо Палевски Палчо

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop