Трамповите санкции за Меѓународниот Кривичен суд „голем залак“’ за голтање од остатокот од светот

February 7, 2025
1 min read

Меѓународниот Кривичен суд соопшти дека ја осудува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции за неговиот персонал. Трамп синоќа одобри финансиски и визни санкции насочени кон луѓето кои работат на истраги на Меѓународниот кривичен суд против американски граѓани или американски сојузници како Израел.

Овој потег беше протест против судскиот налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дојде додека израелскиот лидер беше во посета на Вашингтон. МКС соопшти дека наредбата ќе ја поткопа нејзината судска работа и ги повика своите 125 земји-членки „да се обединат“ за правда и човекови права.

„Судот цврсто стои со својот персонал и се обврзува дека ќе продолжи да обезбедува правда и надеж за милиони невини жртви на злосторства низ целиот свет, во сите ситуации пред него.“ – Меѓународниот Кривичен суд. 

На Блискиот исток пак Израел објави дека почнал со подготовки за заминување на Палестинците од Газа и покрај глобалната осуда на планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја испразни територијата од нејзиното население. Администрацијата на Трамп веќе ублажи одредени аспекти на планот откако се соочи со широка меѓународна осуда, тврдејќи дека преселувањето на Палестинците ќе биде привремено. Американските власти дадоа неколку детали за тоа како и кога планот ќе биде спроведен.

Палестинците жестоко го отфрлија предлогот на Трамп, плашејќи се дека Израел никогаш нема да им дозволи да се вратат. Египет предупреди дека протерувањето на Палестинците ќе го дестабилизира регионот. Саудиска Арабија, Јордан, Турција, Европската унија и Кина исто така се спротиставија на планот на Трамп со прака дека е против хуманитарното и меѓународно прави и дека може да го дестабилизира регионот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бојчевски во Аргумент плус: Потребно е медицинскиот персонал да се вработува на неопределено време

Следно

Непотизмот царува во Владата на Мицкоски: Додека премиерот вработува роднини, младите ја напуштаат државата

Latest from Blog

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на

ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО – Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа

Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска област, при што загинаа шест лица, а четворица се повредени. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападот уследи
Go toTop