Трамп упати закана дека ќе воведе царина од 50 % за ЕУ

May 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека трговските преговори со Европската Унија „никаде не водат“ и предложи воведување царина од 50 отсто за производите од ЕУ, почнувајќи од 1 јуни, јавува Анадолу.

„Европската Унија, која беше формирана со главна цел да ги искористува САД во трговијата, е многу тешка за соработка“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Тој ја обвини ЕУ за „силни трговски бариери, ДДВ-даноци, смешни корпоративни казни, немонетарни трговски бариери, монетарни манипулации и неправедни тужби против американски компании“ и рече дека ваквите практики резултирале со трговски дефицит од над 250 милијарди долари годишно – бројка што ја нарече „целосно неприфатлива“.

Трамп додаде дека царини нема да има за производи што се произведуваат во САД.

По објавувањето на т.н. „реципроцитетни царини“ на 2 април за над 180 земји, Трамп предизвика неизвесност во светската трговија.

ЕУ тогаш беше погодена со 20 отсто царина, која подоцна беше суспендирана за сите земји освен за Кина. Но, и царините за Кина беа привремено замрзнати по неодамнешните преговори во Женева.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комисијата за заразни болести донесе препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица!

Следно

„Еноси“: АЕК се надева на пресврт во Скопје

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop