Трамп: „САД ќе го преземат Појасот Газа“

February 5, 2025
2 mins read

ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека „САД ќе го преземат Појасот Газа“, кратко откако предложи трајно преселување на Палестинците надвор од Газа, јавува Анадолу.

„САД ќе го преземат Појасот Газа“, рече Трамп на прес-конференцијата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Ќе го поседуваме и ќе бидеме одговорни за демонтирање на сите опасни неексплодирани бомби и други оружја на теренот, ќе го израмниме местото, ќе ги отстраниме уништените згради и ќе создадеме економски развој кој ќе обезбеди неограничен број работни места и домови за луѓето во тој регион“, рече тој.

На прашањето дали САД ќе испратат војници во Појасот Газа, тој одговори: „Ако е неопходно, ќе го направиме тоа.“

„Ќе го преземеме тој дел. Ќе го развиеме, ќе создадеме илјадници и илјадници работни места, и тоа ќе биде нешто со што целиот Блиски Исток ќе се гордее“, рече Трамп.

Тој додаде дека гледа на ова како на „долгорочна сопственост“ на САД врз Појасот Газа.

„Гледам долгорочна сопственост, и гледам дека тоа ќе донесе голема стабилност во тој дел од Блискиот Исток, а можеби и во целиот регион… Ова не беше лесна одлука. Сите со кои разговарав ја обожаваат идејата САД да го поседуваат тој дел од земјата“, рече тој.

Трамп изјави дека го проучувал овој план со месеци и дека тоа е „многу, многу опасно место за живеење“.

На прашањето дали ова значи дека тој не поддржува решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт, Трамп одговори: „Ова не значи ништо за две држави, една држава или која било друга држава. Ова значи дека сакаме да им дадеме на луѓето шанса за живот.“

„Тие никогаш немале шанса за живот бидејќи Појасот Газа беше пекол за луѓето што живеат таму“, додаде тој.

На прашањето кој ќе живее во Газа ако Палестинците ја напуштат, Трамп одговори: „Луѓето на светот.“

„Мислам дека ќе го претвориме во меѓународно, неверојатно место. Потенцијалот на Појасот Газа е неверојатен“, рече тој.

„Мислам дека целиот свет, претставници од целиот свет ќе бидат таму, и тие ќе живеат таму… Палестинците ќе живеат таму. Многу луѓе ќе живеат таму.“

Трамп додаде дека Појасот Газа ќе стане „Ривиерата на Блискиот Исток“, велејќи: „Имаме можност да направиме нешто феноменално.“

Нетанјаху рече: „Како што разговаравме, господине претседателе, за да ја обезбедиме нашата иднина и да донесеме мир во нашиот регион, мора да ја завршиме работата.“

Тој додаде дека Израел мора да осигури „Газа никогаш повеќе да не претставува закана за Израел“.

Претходно, за време на состанокот со Нетанјаху во Овалната соба, Трамп изјави дека верува оти Јордан и Египет ќе прифатат Палестинци од Газа, нагласувајќи дека енклавата е „разрушено место и е непогодно за живеење“.

Предлогот на Трамп наиде на жестоки осуди, при што многумина го нарекоа „етничко чистење“ и „воено злосторство“.

Јордан и Египет, заедно со други регионални и европски земји, како Велика Британија, Франција и Германија, го отфрлија предлогот за преселување на Палестинците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митровски за Васил: Ќе добие казна затвор изразена во двоцифрен број години

Следно

Далас принуден да враќа пари на навивачите по заминувањето на Дончиќ

Latest from Blog

Жалбата за притворот на Богоев сè уште не стигнала до Кривичниот совет

Жалбата на одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за 30-дневен притвор сè уште не е стигната до Кривичниот совет, бидејќи претходно се чека мислење од надлежниот обвинител,

Во САД почнаа со гафовите: Ја погрешија химната на Аргентина!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Крајно необична ситуација го одбележа пријателскиот натпревар на аргентинската репрезентација против Хондурас, одигран во Тексас, откако организаторите направија сериозен пропуст. Додека играчите на двата тима беа наредени на теренот на стадионот

Видео: Трамп јава лав?!

Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно ја искористи својата социјална мрежа Truth Social за да објави „лудо“ видео, генерирано од вештачка интелигенција, кое го прикажува во различни ситуации низ целиот свет, додека

Јакимовски: Лукровски требаше да се јави на работа на 30 мај, Инспекторатот да му го провери боледувањето

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимвски денес се прошета пред Општината и сними видео за социјалните мрежи во кое направи пресметка за боледувањето на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски. Тој го повика Државниот
Go toTop