Трамп: САД и Велика Британија постигнаа епохален трговски договор

May 8, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД и Велика Британија постигнале епохален трговски договор, јавува Анадолу.

„Утрово, со возбуда објавувам дека постигнавме историски трговски договор со Велика Британија“, рече Трамп во Белата куќа.

Тој истакна дека договорот со Велика Британија е првиот во серијата договори за трговија за што неговата администрација преговараше во текот на изминатите четири недели.

„Со овој договор, Велика Британија им се придружува на Соединетите Американски Држави во потврдувањето дека реципроцитетот и праведноста се суштински и витален принцип на меѓународната трговија“, додаде тој.

Велика Британија ќе ги намали бројните нетарифни бариери што „неправедно дискриминираа американски производи“, рече Трамп.

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави дека ова е „навистина фантастичен, историски ден“ во кој земјите можат да го објават овој договор.

„И мислам дека тоа е вистинска почит кон историјата што ја имаме на толку тесна соработка. …Навистина важен договор. Ова ќе ја зголеми трговијата меѓу, и низ нашите земји. Тоа не само што ќе ги заштити работните места, туку и ќе создаде работни места, отворајќи пристап до пазарот“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трпчевска: Патот до Матка личи на швајцарско сирење – полн е со дупки! Туристите ни се смеат!

Следно

Ердоган: Проектот Патот на развојот ќе придонесе за стабилноста на Ирак и целиот регион

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop