Трамп поднесе жалба против пресудата на Врховниот суд на Колорадо за забраната за негово учество на изборите

January 4, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе жалба против одлуката на Врховниот суд на американската сојузна држава Колорадо со која му беше забрането да учествува на изборите, јавува Анадолу.

Додека Трамп се подготвува за претседателските избори во ноември, тој се соочува и со тужби и правни одлуки против него за неговата улога во нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година.

Трамп ја оспори пресудата на највисокиот суд на државата на 19 декември, која го прогласи за виновен за неговата улога во упадот во Капитол и му забрани да учествува на изборите во сојузната држава, барајќи од Врховниот суд на САД да ја поништи пресудата.

Адвокатите на Трамп тврдеа дека еден државен суд не може да спречи претседателски кандидат да се појави на гласачкото ливче и дека Врховниот суд на Колорадо погрешно ги протолкувал релевантните уставни одредби.

Се очекува Врховниот суд на САД да ја разгледа жалбата и наскоро да донесе одлука.

По пресудата на Врховниот суд на Колорадо, државната секретарка на сојузната држава Мејн, Шена Белоус, на 28 декември објави дека на Трамп ќе му биде забрането да учествува на прелиминарните избори на Републиканската партија во таа сојузна држава поради неговата улога во упадот во Капитол.

Според пресудата, името на Трамп нема да се појави на гласачките ливчиња на прелиминарните избори на 5 март во двете сојузни држави, каде што ќе се натпреваруваат републиканските кандидати.

Врховниот суд на САД ќе ја донесе конечната одлука за изборната кампања на Трамп во двете сојузни држави.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во „Козле“ дневно има до 200 деца на преглед, грип и ковид-19 ги полнат болниците

Следно

Дрин не му кажал дека се „легални“: Богоев тврди дека невозможно е целосно да се искорени преносот на пиротехнички средства во земјава

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop