Трамп: Ниту Канада, ниту Мексико, ниту Кина од денеска не можат да ги одложат новите царини

February 1, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од денеска ќе воведе високи царини од 25 отсто за стоките од Мексико и Канада, како и 10 отсто за увозот од Кина, и дека ниту една од тие три земји не може да не прави ништо за тоа да го одложи.

Меѓутоа, Трамп ја спомена можноста за исклучок за нафтата од Канада, наведувајќи дека царината за тој производ ќе биде 10 проценти, а најави и дека кон средината на февруари ќе бидат воведени повисоки царини за нафтата и природниот гас, што доведе до зголемување во цената на нафтата, јавија британските медиуми.

Американскиот претседател објасни дека овие цени ќе важат додека земјите не преземат поголеми мерки за намалување на протокот на мигранти и фентанил преку американската граница.

Трамп, синоќа на новинарите во Овалната соба, додека потпишуваше нови извршни наредби,  им рече дека е свесен дека тарифите може да предизвикаат повисоки цени за потрошувачите.

Економистите проценија дека високите царини би можеле да ја нарушат економската активност ширум светот.

На прашањето дали постои можност за одложување на царините, Трамп одговори: „Не, не. Не сега, не“.

Американскиот претседател најави нови царини за европските производи, како челикот, алуминиум, бакар и полупроводниците.

-Ќе ставиме царини за челик, за алуминиум и на крајот за бакар. За бакарот царините ќе траат малку подолго, рече Трамп.

Шефот на одделот за политика на канадската стопанска комора, Метју Холмс, рече дека царините на Трамп првенствено ќе ја оптоварат Америка.

-Од повисоките цени на бензинот, во продавниците и кога купувате преку Интернет, тарифите се прелеваат во економијата и на крајот им штетат на потрошувачите и бизнисите од двете страни на границата, посочи тој.

Потегот на Трамп може да ја наруши годишната трговија од 2,1 трилиони долари со трите главни трговски партнери на САД.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера рече дека Канада веднаш ќе одговори со силни контрамерки, додавајќи дека Канаѓаните би можеле да се соочат со „тешки времиња во наредните денови и недели“.

Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум изјави дека „со ладна глава ќе ја чека одлуката на Трамп за царините“ и додаде дека е подготвена да го продолжи дијалогот на границата.

Таа претходно рече дека Мексико ќе возврати со царини, тврдејќи дека тие ќе чинат 400.000 американски работни места и ќе ги зголемат цените за американските потрошувачи.

  И Кина вети дека ќе одговори.

 -Кина силно се спротивставува на новите царини на Трамп. Нема победник во трговската или тарифната војна, што е во корист на ниту една страна, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Намалена видливост поради појава на магла на патните правци Гостивар, Тетово, Скопје, Велес, Неготино, Демир Капија, Делчево и Струмица

Следно

Повици за одговорност за смртта на Фросина Кулакова, законски измени за поголеми казни во сообраќајот

Latest from Blog

Косово забрани хиџаб во училиштата

Судот ја отфрли тужбата поднесена од Мрежата за професионален развој на жените „Арита“ против одлуката, објавува Klix.ba. Судот ја потврди надлежноста на Министерството Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење хиџаб во

Тројца мртви, осум исчезнати во лавина во Непал

Тројца алпинисти, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа, а осум други се водат како исчезнати откако лавина погоди експедиција на хималајски врв во Непал, соопшти полицијата во понеделник. Петмина странци се

Битола трчаше во чест на слободата – Тони Коњановски: Со спорт и заедништво го одбележавме 4 Ноември, Денот на ослободувањето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на 67-та традиционална ноќна атлетска трка, која секоја година се одржува во чест на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. „Повеќе од шест

Супермесечината в среда ќе биде најблиската и најсветлата во 2025 година

Љубителите на небесни феномени ги очекува уживање оваа недела. В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Месечината
Go toTop