„Трамп му вети на Нетанјаху укинување на сите ограничувања за трансфер на оружје во Израел“,објавија израелските медиуми

November 14, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Доналд Трамп, кој е избран за 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави (САД), вети дека уште првиот ден кога ќе ја преземе функцијата ќе ги отстрани сите ограничувања и одложувања за трансфер на оружје и воена опрема во Израел, објави израелскиот телевизиски канал „Канал 12“, пренесува Анадолу.

Во еден од телефонските разговори меѓу Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по претседателските избори во САД, се споменува трансфер на американско оружје во Тел Авив, објави израелската телевизија.

Се наведува дека за време на разговорот Трамп му ветил на Нетанјаху дека ќе ги укине сите ограничувања и одложувања за трансферот на оружје и воена опрема во Израел уште првиот ден кога ќе ја преземе функцијата во Белата куќа.

Трамп и Нетанјаху разговараа три пати по телефон по одржувањето на претседателските избори на 5 ноември.

Трамп функцијата претседател на САД ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мечка среде бел ден се прошета низ село во Ранковце: „Не смее да се убива“!

Следно

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop