Трамп: Канада размислува да стане 51. американска сојузна држава за бесплатен пристап до „Златна купола“

May 28, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Aмериканскиот претседател Доналд Трамп повторно го актуализираше својот контроверзен предлог Канада да стане 51. американска сојузна држава, нудејќи ѝ бесплатно да биде дел од новиот ракетен одбранбен систем „Златна купола“, пренесува Анадолу.

„Му кажав на канадското раководство, кое многу сака да биде дел од нашиот фантастичен систем ‘Златна купола’, дека тоа ќе ги чини 61 милијарда долари доколку останат како посебна, нерамноправна држава, а ќе ги чини ‘нула’ долари доколку станат наша 51. сојузна држава“, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут соушал“.

„Тие размислуваат за понудата!“, вели тој.

Од канадските власти сè уште нема официјален коментар, но премиерот на Канада, Марк Карни, на состанокот со Трамп во Белата куќа претходно овој месец, јасно истакна дека „Канада не е на продажба и никогаш нема да биде на продажба“.

Минатата недела, Трамп објави дека е избрана архитектурата за неговиот одамна најавен ракетен одбранбен систем „Златна купола“, чија реализација ја процени на 175 милијарди долари во наредните три години.

Иако деталите за програмата сè уште не се јавно објавени, Трамп изјави дека системот ќе користи „технологии од следната генерација на копно, море и во вселената, вклучувајќи и сензори и пресретнувачи поставени во орбитата“.

Не е прецизирано дали „Златната купола“ ќе го покрива целиот територијален простор на САД или само стратешки важните региони и населени центри, но Трамп тврди дека Канада покажала интерес за приклучување кон програмата.

„Канада сака да биде дел од тоа, што би значело релативно мало проширување, но ќе работиме на цените. Тие добро се информирани. Ни се обратија со барање да се приклучат. Мислам дека тоа е нешто одлично. Ако тие можат да си го дозволат тоа, ние можеме“, додаде Трамп.

Премиерот Карни потврди дека Канада води разговори со администрацијата на Трамп за приклучување кон одбранбениот систем, со цел да се зајакне безбедноста на Северна Америка од потенцијални закани.

Тој рече дека подобрената воена заштита е „добра идеја“, наведувајќи ги заканите од Северна Кореја, Русија, Кина, па дури и од „вселената во блиска иднина“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Проширена истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани, опфатено уште едно лице

Следно

АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид

Latest from Blog

Во Струга до 15 часот излезноста е 27,5% во вториот круг

До 15:00 часот излезноста во Струга и струшкиот регион изнесува 27,5%, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута. Гласањето се одвива без поголеми забелешки, со редовен тек на избирачките места. Изборниот

Диар Ајрулаху, 15 годишниот репрезентативец на У-15 кој блеска надвор од државата

Диар Ајрулаху, 15 годишник од Македонија, воодушевува со своите настапи на меѓународниот фудбалски турнир што моментално се одржува во Албанија. Избран за репрезентацијата У-15 на Македонија, Диар го привлекува вниманието на тренерите

Де Роси најверојатно ќе ја преземе Џенова

Даниеле Де Роси е најсериозен кандидат да биде нов тренер на тимот на Џенова, откако менаџментот на клубот одлучи да му врачи отказ на Патрик Виера. Клубот во моментов е во потрага
Go toTop