АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид

May 28, 2025
1 min read

Барање, не само наше, туку и на сите оние кои навистина сакаат натпреварите да се одлучуваат на терен со услови на праведност и еднаквост, е да се презакаже второто финале и да се почитуваат прописите на Европската федерација, кои Алкалоид ги прекрши, а не АЕК, соопштија претпладнево од атинскиот клуб, јави дописничката на МИА од Атина.

Од АЕК тврдат дека уште од првиот момент „водат огромна битка за да се одбранат, не само честа и достоинството на клубот и навивачите, туку и на грчкиот ракомет и земјата“, додаваат дека се борат и „за многу сериозни прашања, како што е реакција на провокацијата да не им се дозволи на грчките граѓани легално да ја преминат границата кон друга европска земја“.

– Кој навистина може да ја оправда и награди „блокадата“ на границата и своеволната забрана за легален влез на кој било број грчки граѓани без да постојат ограничувања, со оглед на тоа што немаше никаква директива за забрана на движење, индивидуално или организирано? Зошто не беше почитувана одредбата „90-10“ на Европската федерација? И од моментот кога од наводни „безбедносни причини“, на навивачите на АЕК им беа дадени 200 билети, зошто тогаш не беа 1.800 картите за навивачите на Алкалоид, а видовме полна сала со повеќе од 6.000 Скопјани?, коментираат од АЕК.

Паралелно го поздравуваат и писмото од Ракометната федерација на Грција испратено вчера до ЕХФ.

– Луѓето од Грчката федерација беа присутни и видоа и разбраа сè. Присутни на сè беа и одговорните лица од Европската федерација, кои добро знаат што се случи на безбедносниот состанок што беше свикан, што беше договорено и кој го почитуваше, а кој не ги почитуваше договореното. Се надеваме дека ќе бидат на висина на задачата и со нивната одлука ќе докажат дека сакаат за сите натпревари да се одлучува на терените, согласно воспоставените прописи, пишува во соопштението од АЕК.

Вториот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК требаше да се одигра во неделата во Скопје, но не се одржа откако играчите на гостинскиот тим одбија да излезат на терен.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Канада размислува да стане 51. американска сојузна држава за бесплатен пристап до „Златна купола“

Следно

Турскиот и азербејџанскиот претседател го отворија Mеѓународниот аеродром „Лачин“

Latest from Blog

Арлинда Кадри Шахиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска избрани за членки на Судскиот совет

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет. Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која

Победа на ВЛЕН на изборите – јасна порака од албанската заедница

ВЛЕН извојува убедлива победа на локалните избори, освојувајќи 10 општини и потврдувајќи ја широката поддршка и доверба што ја доби од албанските граѓани. По завршувањето на официјалниот изборен процес, кој вчера заврши

Сопственикот на барот во Кран-Монтана доби три месеци притвор

Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му одреди притвор на сопственикот на луксузниот бар „Констелејшн“, Жак Морети, каде што 40 лица го загубија животот во пожарот на новогодишната ноќ. На сопственикот
Go toTop