Трамп инсистира на идејата за преселување на Палестинците од Газа

January 28, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го повтори својот предлог за преселување на Палестинците од Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Би сакал да ги однесам да живеат во област каде што може да живеат без вознемирување, немири и насилство“, им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа.

Во саботата тој предложи Јордан и Египет да земат повеќе Палестинци од Газа.

Трамп рече дека за ова прашање разговарал со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

„Кога ќе го погледнете Појасот Газа, тоа е пекол толку години. Имаше разни цивилизации на тоа подрачје. Не започна таму. Започна пред илјадници години и секогаш имаше насилство поврзано со тоа. Би можеле да ги однесеме тие луѓе да живеат во подрачја што се многу побезбедни, подобри и попријатни“, изјави Трамп.

Претседателот рече дека за ова прашање ќе разговара и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а се очекува „многу наскоро“ тој да ги посети САД.

Предлогот на Трамп дојде една недела по стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот во Газа на 19 јануари, со кој беше прекината геноцидната војна на Израел во која загинаа повеќе од 47.300 Палестинци, повеќето жени и деца, а беа повредени над 111.000 од 7 октомври 2023 година.

Во израелските напади исчезнаа 11.000 луѓе, предизвикани се широко распространето уништување и хуманитарна криза во кои животот го загуби огромен број постари луѓе, жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси

Следно

Мицкоски: Службите незаконски ме следеле и злоупотребувале државни ресурси

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop