Трамп го сака Гренланд, ама нема да употреби сила: Да не бевме ние, во Данска ќе се зборуваше германски или јапонски!

January 21, 2026
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор на економскиот форум во Давос, повтори дека го сака Грендланд, бидејќи како што вели, тоа парче мраз му е потребно за безбедноста на светот.

Порача дека секоја земја членка на НАТО мора да е способна да ја брани својата територија, а таков не е случајот со Данска и нивната автономна територија Гренланд. Трамп порача дека само САД можат да ја бранат таа територија.


„Имам голема почит кон граѓаните на Данска и Гренланд. Но, секоја членка на НАТО мора да може да ја брани својата територија. Ние сме единствената сила, голема сила, што може да го направи тоа. Видовме како Данска падна за шест часа во Втората светска војна. Немаа шанса, но се обидоа. Се боревме да ја спасиме Данска, тоа големо, убаво парче мраз“, вели Трамп додавајќи дека победиле во таа војна, а потоа им го вратиле Гренланд на Данска, што според него било „глупава грешка“, но сепак го сториле тоа.

„Без нас денеска сите ќе зборуваа германски и јапонски. После тоа го предадовме Гренланд на Данска, каква грешка, колку се неблагодарни, рече Трамп.


Тој во говорот изјави дека го сака Гренланд, бара итни преговори за преземање на Гренланд од страна на САД, но сепак потенцираше дека нема да употребат воена сила за ова.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите

Следно

Бруката на Сити против Бодо ќе ја „перат“ капитените… ги плаќаат трошоците на гостинските навивачи

Latest from Blog

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите

„Пред оваа акција каде што беше уапсен и фатен судија во Апелациониот суд со 350.000 евра во ѕидот на неговата семејна куќа, исто така беше уапсен и врховен судија со 10.000 евра
Go toTop