Трамп го именуваше Метју Витакер за нов американски амбасадор во НАТО

November 20, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, денес соопшти дека го избрал поранешниот вршител на должноста јавен обвинител, Метју Витакер, за американски амбасадор во НАТО, јавува Анадолу.

„Мет е јак борец и лојален патриот, кој ќе осигура унапредување и одбрана на интересите на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп во соопштението.

Тој истакна дека неговиот избор ќе ги зајакне односите на САД со сојузниците во НАТО и ќе застане цврсто против заканите кон мирот и стабилноста.

„Тој ќе ја стави Америка на прво место“, посочи Трамп.

Витакер беше на функцијата вршител на должноста јавен обвинител од ноември 2018 до февруари 2019 година. Тој беше шеф на Кабинетот на јавниот обвинител Џеф Сешнс.

Кабинетот на Трамп постепено се формира по неговата победа на изборите на 5 ноември. Тој досега ги објави имињата на лицата кои ќе раководат со над половина од 15 агенции.

Тој ќе биде инаугуриран на 20 јануари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велковски: Младите заминуваат од државата заради системот, ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради функционален систем

Следно

„Туркиш ерлајнс“ на странските патници помеѓу летовите им нуди бесплатна обиколка на Истанбул

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop