Трамп ги стопира проектите за енергија од ветер, велејќи дека ветерниците убиваат птици

January 24, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ветерниците ги нарече „ужасни“ и додаде дека „убиваат птици“, известува Анадолу.

По потпишувањето на извршната наредба за запирање на проектите за добивање енергија од ветер, Трамп рече дека природниот гас е чист и моќен. За време на интервјуто за ‘Фокс њуз’ Трамп истакна дека гасот е конзистентен и не е менлив како ветерот.

„Ветерот дува, а потоа не дува. Овие работи чинат цело богатство. Тие се направени во Кина, убиваат птици и се ужасни“, рече американскиот претседател.

Трамп рече дека турбините на ветер, исто така, негативно влијаат на вредноста на имотот.

„Не сакаме ветерници во оваа земја. Ако имате куќа и ветерниците ви го расипуваат погледот, вашата куќа вреди половина. Тоа е катастрофа и никој не ги сака“, рече Трамп, нарекувајќи ја енергијата на ветерот „најскапа од сите енергии“.

Извршната наредба, потпишана од Трамп претходно оваа недела, го запира проширувањето на проектите за енергија од ветер низ целата земја, што предизвика критики од застапниците за заштита на животната средина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната недела

Следно

Двојаковски го засили МЗТ Скопје

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop