Трајков за преговорите со Софија: Понудивме неколку сценарија, Калас внимателно нѐ сослуша

May 27, 2025
1 min read

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас внимателно ги сослуша нашите ставови и позиции. Имаме неколку сценарија коишто ги понудивме и посветено работиме да го решиме проблемот и да покажеме позитивен сигнал како добри соседи. Сепак, станува збор за двонасочна улица. Не е само ние да покажеме иницијатива и да понудиме решенија, треба истото да го направи и другата страна, изјави заменик-министерката во Министерството за европски прашања, Викторија Трајков.

Таа денеска на новинарско прашање дали постои поголем оптимизам во однос на евроинтеграцијата по посетата на Калас и како ја коментира можноста за билатерална средба со бугарската страна на Самитот на НАТО во Хаг, потврди дека ставовите на Бугарија до сега беа тврди и децидни, но ние нема да отстапиме од нашите ставови. Како што рече, постои можност државите да „се најдат на средина“.

„До сега беа децидни и тврди во нивните ставови, не отстапуваме и ние, така што можеби ќе се најдеме некаде на средина. Она што е важно за нас како Влада е да инсистираме добрососедските односи и понатаму да се негуваат како што треба“, посочи Трајков.

Таа рече дека ние не отстапуваме од се она што е веќе изјавено од страна на премиерот и претседателката.

„Се радувам што госпоѓата Калас навистина внимателно нѐ сослуша во однос на тоа кои се нашите ставови и позиции. Ние не отстапуваме од сето тоа кое што претходно и премиерот и претседателката на државата го имаат изјавено. Имаме неколку сценарија кои што ги понудивме. Оставете малку време на времето. Мислам дека сме посветени во тоа да го решиме проблемот и да покажеме позитивен сигнал како добри соседи. Периодов ќе работиме на ова прашање посветено“, рече Трајков пред почетокот на Балканскиот самит на Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“ во Скопје.

Прашана дали очекува во Собранието да биде усвоен Извештајот за Европската комисија, Трајков одговори дека посветено се работи и потенцираше дека не постои дилема во реализирање на се она што е нацртано до 2027 година.

„Иако имаше транзиција на власта, сепак резултатите од реализацијата на реформската агенда покажуваат дека навистина ние посветено работиме на истата. Така што без разлика на се, за Македонија се работи и немаме дилема во реализирање на се она кое што сме го нацртале до 2027 година“, додаде Трајков.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на министерот Тошковски со Вилма Дамбраускиене, амбасадор на Канцеларијата на амбасадата на Литванија во Скопје

Следно

Фетаи го презема делот на Таравари во Владата – Меџити: Ќе предложиме имиња за слободните позиции овие денови

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop