Трајков учествуваше на Првата седница на Националниот совет за евроинтеграции

January 17, 2025
1 min read

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков денес присуствуваше на Првата седница на Националниот Совет за евроинтеграции. На дневен ред беше Извештајот на Европската Комисија за 2024 година.

-Од Европската Комисија добивме објективна слика за подготвеноста на земјата во достигнувањето на европските правила и стандарди, како и за тоа што било направено во текот на изминатата година. Очекувам следниот Извештај да биде подобар. Посветено работиме како нова Влада на Реформската Агенда и очекуваме како Министерство за европски прашања сите релевантни институции кои се вклучени во истата, одговорно да ги сработат своите задачи. Имаме добар план и ќе работиме, истакна Трајков по седницата.

Со Националниот Совет за евроинтеграции претседаваше Венко Филипче, свое обраќање имаше претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски како и Шефот на Делегацијата на ЕУ, Михалис Рокас.

На седницата присуствуваа и пратеници и претставници на невладиниот сектор, дипломатскиот кор и останати општествени чинители.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу: Буџетот за образование зголемен на 11,5 милиони евра, покажуваме посветеност на образованието

Следно

Официјално почна да функционира јавниот електричен превоз во Струмица

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop