Официјално почна да функционира јавниот електричен превоз во Струмица

January 17, 2025
1 min read

Од лани од септември до крајот на годината превозот беше пробен и бесплатен, а од почетокот на новата година и официјално функционира по сите утврдени линии во градот и до населените места.

Според директорот на Јавното претпријатие „Струмица транспорт“, Драги Поп Стојанов, струмичани полека ги менуваат навиките и почнуваат да го користат јавниот електричен превоз.

-Од воведувањето на електричниот јавен превоз од ден на ден се повеќе расте интересот на граѓаните за негово користење, посебно на тие од населените места во Општината. Возниот ред е целосно воспоставен и досега немаме доцнење кон населените места и дневно по осум пати секогаш во ист термин сообраќаме до таму, вели Поп-Стојанов.

Додава дека со одлука на Советот на Општината за субвенционирање на цената на возниот билет сите граѓани можат да се возат за 30 денари на дестинациите во градот и населените места.

-Правиме напори уште повеќе да го доближеме превозот до граѓаните. Тие можат преку специјални картички да го плаќаат возењето и тие можат да се надполнуваат на двата терминали во градот во општинската зграда и во нашето седиште, а во преговори сме со банки надополнувањето на картичките да може да се врши и со кредитна картичка на граѓаните, рече директорот Поп-Стојанов.

Постои можност билет да се купи и во автобусот, но таму тој чини 40 денари и цената е повисока за да се одвраќаат патниците од таквата можност и тоа да го прават преку специјалните картички.

Инаку, од „Струмица транспорт“ ги отфрлаат како тенденциозни и злонамерни шпекулациите дека автобусите не се одржуваат. Велат дека сите автобуси имаат гаранција две години, а гаранцијата на електричната батерија е 8 години.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајков учествуваше на Првата седница на Националниот совет за евроинтеграции

Следно

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА БРИТАНСКА АКТЕРКА ЏОАН ПЛАУРАЈТ

Latest from Blog

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за
Go toTop