Трагедија во Охридското Езеро: пронајдено телото на бугарски нуркач кај Трпејца

August 9, 2025
1 min read

Телото на давеникот, пронајдено попладнево во близина на селото Трпејца, е на нуркач кој претходно денеска исчезна во водите на Охридското Езеро. Според очевидци, лицето било облечено во нуркачко одело и имало целосна опрема за нуркање.

Претходно, беше објавено дека 52-годишен државјанин на Бугарија исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри, над селото Трпејца. Инцидентот се случил денеска околу 13:15 часот, а во потрагата биле вклучени тимови од Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека телото е извлечено од голема длабочина. Причините за несреќата засега не се познати.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отфрлена жалбата за декларацијата на Советот на Благоевград против македонскиот клуб „Никола Вапцаров“

Следно

Поведена постапка против скопјанец – возел пијан и предизвикал сообраќајка при што биле повредени и две бебиња

Latest from Blog

Трамп до Стармер: НЕ НИ ТРЕБАТЕ КОГА ВЕЌЕ СМЕ ПОБЕДИЛЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака упатена до британскиот премиер Кир Стармер на својата социјална мрежа Truth Social, во која коментираше за евентуалното британско воено вклучување на Блискиот Исток. Трамп повторно го

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ МАПИТЕ: Војната меѓу Израел, Америка и Иран се прошири низ целиот Блиски Исток

Аеродромот Мехрабад во Техеран беше потресен од експлозии, а очевидци пријавија запален авион на пистата, додека израелско-американскиотбконфликт со Иран влегува во својот осми ден. Израел објави дека во нападот погодил 16 авиони,
Go toTop