ТРАГЕДИЈА: Почина светски првак во скок со стап, имаше само 29 години

January 19, 2024
1 min read

Поранешниот светски првак во скок со стап, Канаѓанецот Шон Барбер, почина на 29 – годишна возраст измината ноќ во својот дом во Тексас.

Барбер ја освои титулата светски првак во 2015 година во Пекинг, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 5.90 метри, а истата година триумфираше и на Панамериканските игри во Торонто.

Веста за смртта на Барбер ја објави на социјалните мрежи неговиот менаџер Пол Дојл, не наведувајќи детали за околностите под кои настапила смртта на младиот атлетичар.

„Пријател кој никогаш нема да биде заборавен. Канадските олимписки скокач со стап Шон Барбер почина“, напиша Дојл на Инстаграм.

Барбер сè уште е актуелен канадски рекордер во сала со прескокнати 6 метри и на отворено со резултат од 5.93 метри. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Колони возила на Табановце, за влез во Србија се чека најмалку половина час

Следно

Никола Јакимоски го фати крстот положен во Охридското Езеро

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop