Тотенхем плати 11 милиони евра за хрватски тинејџер

September 25, 2023
1 min read

Рекордни 11 милиони евра плати англискиот прволигаш Тотенхем за услугите на 16-годишниот дефанзивец на Хајдук, Лука Вушковиќ, јавија денеска хрватските медиуми.

-Со договорот за трансфер меѓу Хајдук и англискиот премиерлигаш Лука станува најскапо платен фудбалер на негова возраст во историјата, а официјално ќе биде регистриран за Тотенхем во 2025 година, соопшти хрватскиот клуб.

Хајдук не ја соопшти сумата која ќе ја добие како обесштетување за Вушковиќ, но според медиумите Тотенхем ќе плати 11 милиони евра за младиот дефанзивец.

Вушковиќ дебитираше за сениорскиот тим на Хајдук со 16 години и три денови во дербито против Динамо, а само три денови подоцна постигна гол за својот тим во натпревар од хрватскиот Куп со што стана најмлад стрелец во историјата на сплитскиот прволигаш. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тетово, дождот ги блокираше улиците – жителите будни поради страв од поплави

Следно

Идризово, протест против отворање паралелка на албански јазик – Шаќири: Доколку не се најде решение, ќе и се одземат надлежностите на Гази Баба

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop