Тошковски: Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата

March 25, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека Управниот суд поништил уште две незаконски одлуки на Владата со кои беа поништени решенија донесени од негова страна.

-Едната пресуда се однесува на одлука со која беше поништено решение со кое се откажува договорот за вработување на работник во МВР на позицијата командир на ПО Ропотово, додека другата пресуда е за акт со кој до Советот на Општина Демир Хисар од моја страна е доставена листа на кандидати за избор на командир согласно Законот за внатрешни работи, вели Тошковски, пренесува Mакфакс.

Тој воедно додава:

-Управниот суд со пресудите и овој пат утврди дека за тоа дали предметните решенија уредуваат правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите, единствено надлежна да одлучува е Државната изборна комисија, а не Владата.

Како што истакнува, со донесените пресуди Управниот суд уште еднаш го потврдил фактот дека сите решенија донесени од негова страна се во согласност со позитивните законси прописи.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ревизорски извештај за студентски стандард: На мени компир, грав и ориз

Следно

Се решава судбината на Тен Хаг

Latest from Blog

Баба Ванѓа со морничаво „предвидување“ за 2026 година

Иако почина во 1996 година, нејзините „предвидувања“, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат. „Контакт со нова цивилизација“ Нејзините „визии“ за следната година повторно се ажурирани, а најшокантна е онаа

„БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ“ НА КОЛЕНА! Шпанската полиција пронајде оружје и 2,5 тони кокаин – Братко, ти ли си?

Шпанската полиција објави апсење на ќелија на балкански картел во кое учествувала и српската полиција. Запленети се дури 2.550 килограми кокаин, што е една од рекордните заплени на дрога во оваа земја.

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски
Go toTop