Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи

January 20, 2026
2 mins read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва изјави дека целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки живот. Целта е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, а како последица на тоа да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, помалку повредени и колку што е можно помалку човечки жртви. Ќе се констатираат исклучиво четири прекршоци: брзина над дозволено, поминување на црвено, погрешно запирање и паркирање и нерегистрирано возило.

Тој информира дека е утврдено дека бројот на сообраќајни прекршоци е најслабата алка. – Почнавме од 100 000, а сега имаме драстично помалку сообраќајни прекршоци, но повторно тие се голема бројка од она кое реално може да се процесуира, рече Тошковски во „Тема на денот“ на Сител телевизија, додавајќи дека се уште бројките се во илјадници, но се далеку помалку од оние на почетокот, како што беа 100 000.

Појасни дека мораат да ги достават до граѓаните сите оние докази за да ги убедат дека тие навистина го сториле сообраќајниот прекршок. Во споредба со претходно, сега граѓаните откако ќе го примат известувањето на телефон или маил ќе имаат можност да платат во рок од осум дена поливина од казната која е предвиедна, а онаму каде има забрана за управување моторно возило ако се плати во рок од осум или 16 дена тогаш забраната се изрекува на половина од минимумот кој е утврден законски. Според него, сето ова треба да ги мотивира граѓаните.

Министерот за внатрешни работи им се заблагодари на македонските граѓани, особено оние кои управуваат моторни возила на територија на СВР Скопје зошто, како што рече, докажаа дека без казни овие месец и половина откако е почната употребата на „Безбеден град“ во т.н. тест период немаме казни.

-Успеаја бројот на починати, како последица на непочитување сообраќајни правила, на територија на СВР Скопје да го намалат од 11 споредено со декември и јануари минатата година на два смртни случи во декември 2025 и јануари 2026 година, заклучно со 20 јануари. Бројот на повредени лица, како последица на непочитување на сообраќајни правила, споредено за овие 50-тина дена со крајот на 2025 со почеток на 2026 година и крај на 2024 со почеток на 2025 година за истите месеци – декември и јануари е намален за 35 отсто. Имаме за 35 отсто помалку повредени лица на територија на СВР Скопје компарирано со претходните два месеци, рече Тошовски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Според него, овие параметри се во насока дека македонските граѓани знаат да препознаат добар проект, кој спасува човечки животи  и знаат да се однесуваат достоинствено доколку увидат дека се работи неселективно, посветено и професионално од институциите. Посочи дека драстична разлика се гледа на територија на СВР Скопје.

Најави дека граѓаните ќе имаат можност да платат на повеќе начини, во банка, да платат со картичка во најблиската полициска станица, преку електронски апликации на банките, а ќе има и посебна апликација, која ќе биде изготвена од МВР и ќе можат да ја користат граѓаните, со посебна заштита на корисникот.

Министерот Тошковски изрази жалење што јасно и гласно СДСМ не дале поддршка на овој проект и праша што правеле тие осум годинини наназад и не направиле ништо.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ: Ристов и Беџети ја штителе моќта на елитите, а обичните граѓани страдале

Следно

Трамп: Да не бев јас, НАТО сега немаше да постои

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop