Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби

January 22, 2025
1 min read

Во моментов се собираат повеќе докази за тоа дали полицискиот службеник кој бил на смена кога Артан Груби ја напуштил државата направил грешка од невнимание или пак тоа било организирано во рамки на одредена група која го организирала бегството, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој гостуваше во „Отворено“ на ТВ 24.

-За ова е отворена истрага и постапува Основното јавно обвинителство и во рамки на она кое ние го имаме како неспорен доказ имаме поднесено кривична пријава за лицето и истото е суспендирано од работа. Во моментов се води и истрага за тоа дали имало некаква комуникација и за каква комуникација станува збор, рече Тошковски.

Тој потенцираше и дека со цел да се спречи токму вакво сценарио биле направени посериозни подготовки и биле ангажирани сите ресурси. Според него на границата имало и други дополнителни служби кои требало да реагираат доколку постои бегство но истите не реагирале бидејќи станувало збор за тајна операција.

„Факт е дека на границата имаше други дополнително пратени служби да регаираат во рамки на евентуалното бегство на предметното лице но исто така факт е дека не знаеја кого треба да стопираат затоа што тоа е дел од полициската оперативна работа. Никој не можел да претпостави дека еден полициски службеник кој што е на позиција, значи да го земе пасошот од одредено лице да го стави на скенер и откако ќе го скенира се појавува на компјутерот пред него дека одреденото лице е на стоп листа, дека наместо да гледа во компјутерот кој што му е основна работа, зошто е инаку на граница, за да продава цвеќиња или да провери дали лицето исполнува услови да ја напушти или да не ја напушти државата, тука тоа никој не можел да го претпостави“, изјави Тошковски во „Отворено“ на ТВ 24.

Тој додаде и дека поради тоа што Артан Груби не изразува иницијатива да се врати во државата е доволен показател за тоа дали е виновен или не.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотсакис: Верувам дека постојат два пола – машки и женски

Следно

24 години од нападот на полициската станица во Теарце и првата жртва од 2001 година

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop