Тошковски: Недостигаат полициски службеници на терен, ќе работиме на нова систематизација

March 1, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои превработеност на останатите позиции во МВР. Заради ова, како што појасни, се работи на нов Закон за внатрешни работи и нов Закон за полиција. Во иднина, напомена дека ќе се работи и на нова систематизација, која ќе овозможи максимално, рационално и ефикасно трошење на парите на граѓаните, но и овозможување полициските службеници да бидат видливи на терен.

– Не само во СВР Тетово, туку речиси и на територија на целата држава, во делот на оние позиции во рамки на Министерството каде што има макотрпна работа, каде што полицискиот службеник треба да е на терен, за да можат македонските граѓани да живеат безбедно, таму секогаш ни фалат вработени. Во другиот, комотниот дел, каде што не се изложени на дожд и на ветер, не се изложени на улица да го загрозат својот живот, таму има вишок на вработени, изјави денеска Тошковски,, одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета во Тетово.

Тој рече дека ќе се преземат оперативни планови и активирање на сите вработени во МВР. Како што рече, веќе почнале во Скопје, а втор град каде ќе го имплементираат оперативниот план со внатрешна распределба во рамки на постоечката мобилност, ќе биде Тетово.

– Времето ќе покаже за кратко, за две недели отсега ќе видите разлика во споредба со претходно. Ако ме прашате дали има доволен број на вработени полициски службеници во увидна екипа и во сообраќајните екипи, ќе ви одговорам дека нема. Но, ако ме прашате на комотните позиции од аспект на началници, менаџери, оние фини и културни позиции во рамки на Министерството кои што се многу добро познати во јавноста, таму има превработеност. Но, и за тоа имаме решение. Макотрпно работиме на нов Закон за внатрешни работи и на нов Закон за полиција, а во иднина и на нова систематизаијца. Треба да овозможиме полициските службеници да бидат видливи на терен, а за да бидат видливи на терен треба да ги има на терен. За да ги има на терен, треба да има помалку „спијачи“ во Министерствата, а повеќе работници, рече Тошковски.

Тој додаде дека се прави длабинска анализа и се работи на воведување суштински измени на законските прописи.

Најави дека мартовската плата што вработените во рамки на Министерството за внатрешни работи ќе ја земат во април ќе биде зголемена за околу 10 проценти.

– Ова е веќе разговарано со сите чинители во рамки на Владата, разговарано е и со премиерот и со министерката за финансии. Ако ме прашате мене треба да е зголемена за многу повеќе, но во наредниот период ќе имаме контиунирано зголемување на платите на полициските службеници особено на оние кои го изложуваат својот живот на ризик. Ќе имаме во иднина многу чекори кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за работа на полициските службеници, рече Тошковски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По масовниот протест во Атина приведени 220 лица

Следно

Молк од Мицкоски, ќе го следи ли Радев и ќе застане на страната на Русија?

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.
Go toTop