Молк од Мицкоски, ќе го следи ли Радев и ќе застане на страната на Русија?

March 1, 2025
1 min read

По синоќешната жестока конфронтација меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, најголемиот број европски лидери изразија солидарност и поддршка за Украина.

Редакцијата на Рацин.мк испрати прашања до владата за позициите на земјава но и ставот на премиерот Мицкоски по синоќешната дебата, но до објавата на овој текст не добивме одговор. Исто така никаков став не сподели ниту премиерот, ниту пак некој од министрите и на социјалните мрежи.

Засега отворена поддршка за Украина нема ни од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека цела ноќ размислувал за оваа ситуација, потоа унгарскиот премиер Виктор Орбан, словачкиот премиер Роберт Фицо како и бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев откако го искрара бугарскиот премиер изрази жалење што многу политичари не можат да ги сфатат ризиците и перспективите, но продолжуваат да веруваат дека Русија може да биде поразена и дека ја туркаат Украина кон катастрофа.

„Ние сме мали, секогаш сме биле доследни, се држевме до нашата политика, но ќе мораме – тоа е како кога дува ветер – да ги свртиме едрата во вистинската насока, иако останувате во истиот брод со истите патници. Ќе треба да гледаме многу работи за нашите државни и национални интереси“, рече Вучиќ.

Трамп го обвини Зеленски за непочитување кон САД и неподготвеност за мир, што доведе до прекин на потенцијалниот договор за минерални ресурси на Украина. Зеленски, пак, изрази благодарност кон европските сојузници и сподели објави од светските лидери кои ја поддржаа Украина. Тој се заблагодари и на САД за досегашната помош, но порача дека мирот не е само отсуство на војна.

Меѓу првите што реагираа беше германскиот канцелар во заминување, Олаф Шолц, кој изјави дека Украина може да се потпре на Германија и Европа. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така ја поддржаа Украина, истакнувајќи ја храброста на украинскиот народ и ветувајќи продолжување на соработката за праведен и траен мир.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предложи самит за решавање на заедничките предизвици и ја истакна важноста на западното единство. Од друга страна, унгарскиот премиер Виктор Орбан го поддржа Трамп, изјавувајќи дека тој храбро се залага за мир.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Недостигаат полициски службеници на терен, ќе работиме на нова систематизација

Следно

„Рамазанска трпеза“ – 13 години по ред во Тетово, 1000 ифтари на ден за сиромашните и студентите

Latest from Blog

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop