Тошковски: МВР поднело кривична пријава, обвинителството бара, а судот одредува притвор и носи пресуда

September 17, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиството во Велес изјави дека МВР поднело кривична пријава за лицето што ги уби Росица Коцева и нејзиниот татко по што се самоуби, и потенцираше дека обвинителството е тоа што предлага, а судот одредува притвор и носи пресуда. Тошковски рече дека е срамно да се лаже и да се манипулира јавноста заради одредени политички поени.

-Кој во оваа држава изрекува мерка притвор, и кој во оваа држава изрекува мерка затвор односно казна затвор? Кој во оваа држава согласно закон може да предложи мерка притвор, кој во оваа држава единствено може да поднесе обвинение? На првото прашање одговорот е единствено судот може да определи мерка притвор, на второто прашање единствено обвинителство може да предложи мерка притвор. Во оваа ситуација, јас не велам дека имало или немало вина и во рамки на постапувањето на МВР. Има внатрешна контрола, ќе покаже истрагата дали Министерството затаило или не затаило, ама срамно е да се лаже јавноста и да се манипулира јавноста Тошковски е крив. Зошто? Зошто судот досудил условна осуда. Зошто е Тошковски крив? Заради тоа што јавното обвинителство не побарало притвор, рече министерот Тошковски во интервју на Тема на денот на Сител.

Според него, треба да се постават други прашања дали за овој тип кривични дела треба да има построги санкции, дали треба поинаку да се процесуираат во рамки на ЗКП и друго.

За најавата дека утре ќе има протести пред МВР во врска со фемицидот во Велес и други убиства на жени, министерот за внатрешни работи рече дека не го оспорува правото на протест, но оти се знае кој е суд во државата, а кој обвинител.

Тошковски потенцира дека МВР поднело кривична пријава за сторителот и прашува дали обвинителството побарало притвор.

– Изрекол ли судот мерка притвор за убиецот? МВР поднело кривична пријава. МВР ги презело дејствијата што требало да ги преземе. Дали тие биле навремени, соодветни, согласно професионални стандарди ќе провериме ама ја поднело кривичната пријава. Зошто обвинителството не побарало притвор? Зошто судот кога ја донел пресудата донел условна пресуда? Зошто не донел казна затвор?Да донел казна затвор и да утврдел мерка притвор сега Росица ќе беше жива, рече Тошковски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мечка нападна маж во Грција- тој вреска, а пријателот го снима како паѓа во бездна (Вознемирувачко видео)

Следно

Германија: Работник загина при истекување на хемикалии во фабрика за восок

Latest from Blog

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на

Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

Сер Алекс Фергусон, човек чие име сè уште има големо значење во фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови што воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот
Go toTop