Тошковски и Управниот суд „ја спасиле“ изградбата на катната гаража кај Собранието

September 6, 2024
3 mins read

Исчезна багерот кој минатиот месец се појави кај Собранието, кога земјиштето беше заградено за да се почне изградбата на катната гаража која по одлуките на Управниот суд на фирмата и ја врати дозволата за градба првично добиена во 2014 година од Општина Центар.

Во 2018 градежната дозвола за гаражата беше поништена бидејќи беа пропуштени роковите за градба, а по жалбата на инвеститорот и неколку годишната судска постапка, дозволата за градба повторно си ја враќа.

Во моментов општината нема никаков правен механизам со кој би го спречила градењето. Интересно е што адвокат на компанијата АНГО ДООЕЛ во тоа време бил сегашниот министер Панче Тошковски, а откако премиерот Христијан Мицкоски го критикуваше овој проект, МВР посочи дека нема дадено безбедносна дозвола да се гради катната гаража близу Собранието.

Намерата на власта да преговора со инвестирот, ја сооошти вчера премиерот Мицкоски, откако МВР за разлика од пред 15 години, сега оценило дека изградабта на објектот би претставувал безбедносен ризик за Собранието.

-Некој некогаш бил неразумен, се однесувал незрело и направил нешто што ја загрозува безбедноста во собранието. Инвеститорот ги има сите потребни документи за градба бидејќи пред 12 години му било продадено земјиштето. Но, ние сега, како Влада без разлика што некој се однесувал незрело мора да го решиме проблемот, да најдеме начин да го обесштетиме инвеститорот, а земјиштето повторно да се врати на државата, рече Мицкоски.

Собранискиот спикер Африм Гаши следната недела планира состанок со компнаијата АНГО ДООЕЛ од Скопје, на кој ќе ја убедуваат да се откаже од проектот, но која ќе биде понудата на државата за да го премисли инвеститорот засега е непознато.

Управниот суд го спасил инвеститорот

-На 26.08.2014 година, Општина Центар-Скопје му издала на инвеститорот ДТПУ АНГО дооел увоз извоз од Скопје Одобрение за градење Уп1.бр.28-300. Одобрението за градење станало правосилно на 10.09.2014 година. Согласно Одобрението, истото престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот на правосилноста согласно член 66 од Законот за градење. Доколку градбата отпочнала да се гради по истекот на рокот од две години од денот на правосилноста на одобрението, градењето се смета за бесправно, велат од општина Центар.

Но бидејќи инвеститорот не започнал навремено со градбата на 30.11.2018 година Општина Центар го поништила одбрението за градење од причини што не започнал навремено со изградба во рок од две години од истекот на рокот предвиден во одобрението.

-Потоа започнува судска постапка, а Управниот суд пресудил во корист на инвеститорот така што, второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски донел решение Уп2.бр.35-633/2018 година од 11.06.2020 година во кое ја уважил жалбата на ДТПУ АНГО дооел Скопје, а решението на Општина Центар-Скопје Уп1.бр.27-671 од 30.11.2018 година го поништил и предметот го вратил на првостепениот орган на повторна постапка. На тој начин не постои правна пречка да се реализира градбата. Така, имајќи го рокот предвиден согласно Законот за градење, за пријавување на градба, а со тоа и реализација на изградба на објектот, рокот за изградба согласно Одобрението за градење истекува на 10.09.2024 година, велат од општината.

Решението на Општина Центар го потврдило и Министерството за транспорт и врски, но инвеститорот „Анго“ ДООЕЛ поведе жалбена постапка до Управниот суд, кој во декември 2021 година донесе пресуда дека се прифаќа тужбата на инвеститорот и со тоа беа поништени и решението на Министерството за транспорт и врски и на Општина Центар.

Што вели Законот за градба?

Во став 1 од член 66 во Законот е прецизирано дека одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно.
Во случаите од ставот (1) на овој член надлежниот орган што го издал одобрението за градење донесува акт за ништовност на одобрението, кој се доставува до органот надлежен за водење на јавната книга за запишување на правата на недвижностите и истиот е основ за бришење на сите прибележувања и предбележувања поврзани со недвижноста. Доколку градбата започнала да се гради по истекот на рокот од ставот (1) на овој член, се смета дека градењето е бесправно – стои во Законот за градење.

Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, кој предвидуваше на овој простор помеѓу Собранието и Домот на Армијата да се изгради подземна гаража, беше изменет кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ и тогаш маркичката за подземна беше заменета со маркичка за катна гаража.

Во јуни 2013 година на електронска аукција во Министерството за транспорт и врски, земјиштето од 2.455 метри квадратни го купи фирмата „Анго“ ДООЕЛ за 8.355 денари или за околу 135 евра за метар квадратен. Планот предвидуваше гаражата да биде висока девет метри, а 15 отсто од објектот можеше да биде деловен простор.

Во периодот кога градоначалник на општината беше Андреј Жерновски, откако сите процедури беа завршени и градежното земјиште продадено, инвеститорот побара одобрение за градба, кое го доби една година подоцна, на 26 август, а правосилно стана на 10 септември истата година.

Подоцна во мандатот на градоначалникот Саша Богдановиќ, во 2018 година повторно беше поништена дозволата за градба на инвеститорот поради тоа што во рок од две години откако решението станало правосилно изградбата не беше почната.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министерот Мисајловски на состанок на Контакт-групата за Украина

Следно

Се продлабочуваат политичките напади на Илон Маск, кој го купи X бранејќи ја својата политичка неутралност

Latest from Blog

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е

ОБСЕ: Насилството врз жените е голема бариера за создавање целосна еднаквост во општеството

Истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените кое денеска беше презентирано на јавната расправа насловена како „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, покажа загрижувачки резултати. „Половина
Go toTop