Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд

December 23, 2024
2 mins read

Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со недостапноста на Артан Груби и Перпарим Бајрами за органите на прогонот за случајот со криминал во Државна лотарија.

Во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, министерот кажа дека не би сакал да шпекулира каде е Груби за кој деновиве, рече, се слушале разни информации каде се наоѓа.

-Но би сакал да верувам во она што се обзнани во јавноста дека ќе се врати во Македонија зашто е чист како солза и затоа што смета дека овие основани сомненија, за кои е отворена истрагата од јавен обвинител, не се така како што ги толкува МВР и Обвинителство… Би сакал да се одважи и, ако е чист како солза, да пристигне во Македонија. МВР има капацитет да ја гарантира неговата безбедност… Ако еден човек толку долго се занимавал со политика, најмалку што може да стори е да ги одложи приватните обврски, ако ги имал, и да се врати во Македонија и во законска постапка да ги докаже своите тези на одбрана. За да се докаже, мора да е достапен на судот, рече Тошковски.

На прашање дали имало „кртови“ во МВР или во Обвинителството кои го известиле Груби за да ја напушти земјата, рече дека има истрага, но дека не може да сподели информации. Соопшти дека во претресите кај недостапните осомничени за криминал во Лотарија се пронајдени поголеми количини суми „пари за кои постојат сомнежи дека дел од средствата кои незаконски се стекнати се употребени за купување на одреден имот во и надвор од Македонија“.

– Но за жал, во овој момент не можам да откријам факти во оваа истражна постапка и не е време да се изнесат во јавноста. Да се остави во законита постапка и процес на правда, а за тоа ни треба време и темелна истрага, рече Тошковски.

За полицаецот Б. Ј. од Граничната полиција, против кого МВР поднесе кривична пријава и е донесено решение за суспензија, рече дека направил „кардинална грешка“ затоа што бил должен да го задржи возилото со кое се превезувал Груби, бидејќи бил на „Стоп листа“, а потоа да го извести надлежниот јавен обвинител за упатства за натамошно постапување.

Од видеозаписот обезбеден од камерите на ГП Блаце се видело дека полицаецот му го прегледал пасошот и откако возилото го напуштило преминот „по неколку минути“ и „во фаза на напуштање“ односно кога веќе бил во МВР на Косово, тој констатирал дека Груби е на „Стоп листата“ и тогаш известил.

-За жал, полицаецот не постапил согласно стандардна оперативна процедура и не го задржал односно му дозволил да излезе… Најмалку за несовесно работење во служба треба да одговара, рече Тошковски. Откако ЈО ќе го собере целиот доказен материјал, рече, истражната постапка ќе утврди дали станува збор за организација од повеќе лица и дали полицаецот е инволвиран.

На прашањето зошто за раководителот на смена имало само дисциплинска постапка, а бил одговорен за батерии во камерите кои не работеле, министерот одговори дека се работи за камери кои полицајците ги носат на униформите и дека тој проблем бил отпорано. Меѓутоа, рече, камерите на граничниот премин функционирале и го снимиле постапувањето на полицаецот кој го зел пасошот на Груби за увид и потоа му го вратил.

-Внатрешна контрола констатирала дека раководителот требало да се грижи за батерии, но тоа траело подолго време, и неговите дејствија немаат директна вина за излез и незапирање. Затоа кон раководителот има само дисциплинска постапка зашто нема причинско-последична врска со тоа што Б. Ј не го запрел возилото, додаде Тошковски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Забрана за камиони на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир

Следно

Снегот предизвика сообраќаен хаос на Балканот, во Словенија го попречува спасувањето на двајца планинари

Latest from Blog

Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа. „Еве ме тука во Пионирски

Го убил очувот со багер и веднаш го закопал

Сплитската полиција добила пријава непосредно пред 19 часот дека во градот Сеоце, во околината на Омиш, е извршено тешко кривично дело, тешко убиство. Како што неофицијално дознава „Слободна Далмација“, уапсен е млад

Легендата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло ќе работи за Мекларен

Најуспешниот претседател во историјата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, сега работи за Мекларен, иако станува збор за матичната компанија на тимот од Формула 1, „Мекларен Груп Холдингс Лимитед“. Лука, под чие водство

Мицкоски: По седум изгубени години – времето на Македонија допрва доаѓа!

По повод една година од владеењето на Владата, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео на својот фејбук-профил во кое вели дека по изгубените седум години, најдоброто доправа доаѓа.  Ви

Во Белград заврши литературното попладне одржано од студентите кои се противат на блокадите

Поддржувачите на властите во Србија се наоѓаат покрај шаторите поставени на платото пред зградата на Собранието каде одржаа литературното попладне организирано од Студенти 2.0 (Студентите кои се противат на блокадите). Во обраќање
Go toTop