Снегот предизвика сообраќаен хаос на Балканот, во Словенија го попречува спасувањето на двајца планинари

December 23, 2024
1 min read

Снежното невреме низ Балканот денеска предизвика сообраќаен хаос, затвори училишта и остави илјадници домови без струја во Хрватска и Босна, додека лошото време во Словенија ги попречува напорите за пронаоѓање на двајца планинари изгубени на Алпите.

Како што пренесува Бета, според прогнозите, невремето се движи кон Србија и метеоролозите ги предупредуваат луѓето во западниот дел на земјата да избегнуваат патување и да се подготват за евентуални прекини на струја.

Планинари од Унгарија, маж и жена, се изгубиле вчера во планините северно од Љубљана при неповолни временски услови, а еден од нив има скршеница на ногата, јави словенечката агенција СТА.

Според истиот извештај, спасувачката мисија била прекината во текот на ноќта поради силниот ветер, слабата видливост и ризикот од лавина, а продолжила изутрината, со тоа што хеликоптерот не можел да полета поради лошото време за да стигне до планинарите кои биле исчезнати на надморска височина од околу 1.700 метри.

Шефот на планинската спасувачка служба Јернеј Ланишек изјави дека спасувачите се поблиску до исчезнатите, но и дека, според него, операцијата не може да се заврши пред вечерта. Во спасувањето учествуваат 40 лица.

Во соседна Хрватска сообраќајот е забранет на повеќето патишта во Лика и на некои делови од автопатиштата. Невремето на Јадранот го запре сообраќајот на фериботите меѓу брегот и островите.

Властите на Хрватска и Босна ги повикуваат граѓаните да избегнуваат патувања поради лошите временски услови.

Во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, наставата во училиштата е прекината поради силно невреме. Околу 200.000 домови се соочуваат со прекин на електричната енергија, а на камионите и другите тешки возила им е забрането движење во многу делови од земјата.

На возачите им се препорачува да бидат „на високо ниво на претпазливост“ и да не патуваат без зимска опрема.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд

Следно

Вреди: Албанците се будат, ДУИ пропаѓа!

Latest from Blog

Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

Иако веќе се беше договорено и неговиот агент веќе се наоѓаше во Милано, за да го финализира договорот, сепак случајот на италијанскиот репрезентативец Марко Палестра доживеа тотален пресврт. Тој во последен момент

Алиу: Од 30 јуни во функција шест нови хируршки сали

Шесте целосно реконструирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје ќе започнат со работа на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека пред нивното официјално пуштање во употреба

Меџити: Здравјето на граѓаните е на прво место – институциите координирано против топлотниот бран

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот

Коњановски: Создаваме систем што ги вклучува сите деца

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на завршната конференција на проектот „Никој зад“, чија главна цел е зголемување на учеството на децата и младите со попреченост во спортските активности, промоција на
Go toTop