Тошковски: Ги реновираме просториите за издавање лични документи во Скопје, ќе понудиме побрзи и поефикасни услуги

October 25, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (25.10.2024) изврши увид во реконструкцијата на просториите на Одделот за граѓански работи на МВР во зградата на МТВ. Проектот за реновирање на овие простории започна неодамна, откако целосно беа надминати гужвите кои беа предизвикани со промената на личните документи заради промена на уставното име, а со цел модернизација и креирање побрзи и поефикасни услуги за граѓаните.

„Претходното раководство планирало да ја започне реконструцијата оваа година во февруари во ек на најголемите гужви за промена на документите. Можете да замислите што тогаш ќе се случеше ако се реализирало тоа. Со оваа реконструкција која треба да заврши за шест месеци ќе добиеме речиси двоен капацитет на управните служби на МВР кои ќе понудат побрзи и поефикасни услуги за нашите граѓани. Градиме поефикасна администрација која ќе биде целосно во служба на потребите на граѓаните“, истакна министерот Тошковски.

Тошковски притоа напомена дека додека трае реконструкцијата воопшто не е намален капацитетот на издавање лични документи и останати услуги кон граѓаните и тие во најголем дел во најголем дел се извршуваат во пунктот до полициската станица „Пролет“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филков: Потребно е освежување на Комисијата за помилување

Следно

Нема информации за исходот на средбата на Сиљановска со членовите на Комисијата за помилување

Latest from Blog

Средниот прст на Рафиња, анти-мадридскиот дрес на Јамал и букетот на Педри (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин Синоќешната парада на шампионатот на Барселона по повод освојувањето на титулата во Ла Лига беше исполнета со голем број куриозни моменти кои брзо добија популарност на социјалните мрежи. Во едно

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop