Топлотниот бран во Грција во средината на јули еден од најдолгите регистрирани во земјата

July 30, 2025
1 min read

Во периодот од 14 до 28 јули Грција беше соочена со топлотен бран во две фази, што според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, беше ден од најдолгите топлотни бранови регистрирани во земјата со екстремно високи температури, а претходните два најдолги биле во изминатите три години, јави дописничката на МИА од Атина.

Топлотниот бран траеше 13 дена, првата фаза од 14 до 17 јули, втората и посилната од 20 до 28 јули, додека пак краткиот дводневен период од 18-19 јули меѓу двете фази температурите беа близу до нормалните нивоа за сезоната.

Најтоплиот ден во Грција беше 25 јули, кога, според Метео, речиси целото население беше погодено од температури повисоки од 40 степени.

Поконкретно, 362 од вкупно 560 метеоролошки станици ја надминаа границата на топлотниот бран со максимална температура над 37 степени, а 167 станици надминаа 40 степени Целзиусови.

Истиот ден била измерена и највисоката температурна за летово, 45,8 степени во Скала на Пелопонез и е за само 0,6 степени пониска од рекордно високата температура измерена во Грција, пред две години во Гитио, исто така на Пелопонез, кога во јули 2023 година изнесуваше 46,4 степени Целзиусови.

Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, поради топлотниот бран дури 80 отсто од вкупните часови во период од девет дена (од 20 до 28 јули) температурата била еднаква или над 30 степени Целзиусови, што, како што пишува Метео, значи дека дури и во текот на ноќта температурата не успеала да падне под 30 степени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

М-НАВ: Тасевски изнесува неточни информации, безбедноста на воздушниот сообраќај во ниту еден момент не е доведена во прашање

Следно

[Видео] Талевски: Тошковски сака да формира партиска милиција под своја команда

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop