Топлотен бран

June 23, 2025
1 min read

Вообичаено топло време за овој период од годината. Граѓаните со различни пристапи кон разладување и заштита ос сончевите зраци. Помладите велат дека топлото време не им смета и дека времето го користат за одење во базен, во кафич на по некоја пијачка со пријателите. 

Повозрасните спротивно на помладите, гледаат да ги избегнуваат часовите кога е најтопло, велат дека во текот на денот остануваат дома со спуштени ролетни гледајќи телевизија. Некои си дозволуваат и по една ракија додека чекаат да паднат температурите и да излезат повторно си пријателите под сенка. 

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите, велат од УХМР. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.

Докторите апелираат граѓаните строго да ги почитуваат стандардните препораки за заштита од топлотни бранови, да се избегнува директно изложување на сонце, да се внесува доволно течности и да се носи лесна и светла облека. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Венеција од Интер го откупи договорот на Станковиќ

Следно

Израел напаѓа позиции на Иранската револуционерна гарда во Техеран

Latest from Blog

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти

Хоџиќ: Земјата е во општествена криза, време е за демократска акција

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) оцени дека државата се наоѓа во длабока општествена криза и порача дека е неопходна демократска мобилизација за враќање на европскиот курс на земјата. Овие

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира за итна интервенција на патот што ја поврзува Албанија со Македонија на граничниот премин Требиште-Џепиште, во областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“–Тирана апелира до општина Булќиза и до Административна единица Требиште итно да се отстрани одронот на патот што го поврзува граничниот премин Требиште–Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија. Блокадата

Одрон на патот што го поврзува граничниот премин Требиште – Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија

Поради одрон на патот што ја поврзува областа Голо Брдо со граничниот премин Требиште – Џепиште кој ја поврзува Албанија со Македонија сообраќајот на оваа делница е отежнат. Овој пат е од
Go toTop