„Топлина“ од Подмоље заедно со четири подизведувачи за 23 милиони евра ќе копаат јаглен за РЕК Битола

March 28, 2025
1 min read

Компанијата Топлина Подмоље е избрана за најповолен понудувач за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола, со понудена цена од 49,85 денари за гигаџул јаглен и 214 денари за кубен метар јаловина.

Вкупната вредност на договорот за 12 месеци изнесува 1,44 милијарди денари или 25 милиони евра.

Како подизведувачи, Топлина пријавила четири компании Гранит Скопје, Градба Промет – Кавадарци, Илинден – Струга и Топ Билд – Скопје, а за техничка поддршка две – Форса АС од Скопје и Машинокоп од Кавадарци..

Договорот е за период од една година, а по неговото завршување, АД ЕСМ нема да има финансиски импликации.

Топлина беше привремено ангажирана поради пропаднатиот претходен повик, додека компанијата Марковски беше раскината поради непочитување на обврските. Топлина, заедно со две други струмички фирми, беше подизведувач на Марковски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно да застанат зад независен кандидат за градоначалник на Кочани

Следно

Турскиот потпретседател по разговорите во Париз за Украина: Туркије е нераскинлив дел од процесот

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop