Топ-листа на десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња

January 5, 2026
1 min read

Сепак, наместо личниот вкус за којшто „не се дискутира“, бројките го нудат одговорот.

Комбинирајќи ги оценките од популарните страници „Ротен томатос“ (Rotten Tomatoes) и „ИМДБ“ (IMDb), британскиот портал „Експрес“ состави список на 10 најдобрите божиќни филмови на сите времиња. На врвот се искачи безвременската класика „Прекрасен живот“ (It’s a Wonderful Life) од 1946 година. Со оценка од критичарите на „Ротен томатос“ со 94 отсто, од публиката од 95 отсто, и 8,6 на на „ИМДБ“, ова остварување има највисок вкупен рејтинг на листата.

Во филмот, Џејмс Стјуарт глуми човек кој ја доведува во прашање вредноста на сопственото постоење, сè додека неговиот ангел чувар не му покаже каков би бил светот ако никогаш не се родил…

Веднаш зад него, на второ место, е „Клаус“, прекрасно рачно анимирана приказна од 2019. за поштар кој се спријателува со осамен производител на играчки. Филмот ги освои публиката и критичарите со својата емотивна приказна и уникатен визуелен стил.

На третото место се најде поновиот филм, од 2023 година – „Остатоци“ (The Holdovers). Пол Џијамати глуми намќорест професор принуден да ги мине празниците во интернат со ученици кои не можат да си одат дома. „Ротен томатос“ го опишува како „драма што поттикнува на размислување“ со своите извонредни изведби.

Натаму на топ-10 листата се и „Продавницата зад аголот“ (The Shop Around the Corner), во којшто исто така, глуми Џејмс Стјуарт, акциониот хит „Умри машки“ (Die Hard) со Брус Вилис, „оскаровската“ комедија „Станот“ (The Apartment) со Џек Лемон и Ширли Меклејн, цртаниот црн мјузикл на Тим Бартон – „Кошмар пред Божик“ (The Nightmare Before Christmas) итн.

Од друга страна, податоците откриваат и кои филмови можеби ќе треба да се избегнат овој Божиќ. Според критичарите, најниско оценет празничен филм е „Украсете ги салите“ (Deck the Halls) од 2006., каде што глумат Метју Бродерик и Дени де Вито. Публиката, пак, му даде најниска оценка на хоророт од 2016 година – „Црвен Божик“ (Red Christmas). Меѓу најнепосакуваните се и „Лошиот“ (The Mean One) – хорор-филм од 2022 година инспириран од приказната за Гринч – уништувачот на Божик, како и комедијата од 2014 година „Среќен зафркнат Божик“ (A Merry Friggin’ Christmas) со Робин Вилијамс во главната улога.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

YouTube сè уште прикажува нецензурирана порнографија

Следно

Никако немојте да ги правите овие шест работи за Бадник – ќе ви ја однесат среќата од куќата!

Latest from Blog

Тројца од Прифатен центар за странци приведени за разбојништво

Инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода денеска поднесоа кривична пријава против И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), тројцата државјани на Р. Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид по

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти

Тој синоќа потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти. Сепак, американскиот претседател денеска објави на мрежата Трут соушл дека царините ќе бидат зголемени на 15 проценти, објави

Димитриеска Кочоска призна: стратегии за борба против сивата економија постоеле, имплементација недостасувала

Иако за борбата со сивата економија до сега постоеле планови и подготвени стратегии, во изминатите периоди недостасувала силна и доследна имплементација и конкретни ефекти, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека
Go toTop