Тони Тоневски: Ќе има нови автобуски линии и подобри училишни оброци

October 22, 2025
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, соопштија дека ќе продолжат и унапредат сите постојни мерки и програми кои се во интерес на граѓаните. Во партиското соопштение се нагласува дека, за разлика од досегашното управување, новата локална власт ќе воведе поефикасни и попродуктивни решенија за подобар живот во општината.

„Како што секоја власт досега ги продолжувала корисните и прифатените мерки и проекти, така ќе биде и сега. Но со една разлика – со ВМРО-ДПМНЕ и Тони Тоневски, овие програми ќе станат подобри,“ се наведува во соопштението.

Меѓу најавените проекти се издвојуваат воведување нови автобуски линии за жителите на Барбаревско Маало, Калниште, Камењар и другите периферни делови, како и можност за редовен превоз до Злетово. Партијата најавува и подобрени оброци за учениците со поголема нутритивна вредност, како и континуитет на сите мерки за поддршка на младите семејства, првачињата и социјално ранливите категории.

 

„Не дозволувајте лагите и стравот да ве заведат. Нема да се кратат мерки – ќе се зголемува поддршката! Нема да се укинуваат програми – ќе се создаваат нови можности!“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Целта на програмата, како што беше посочено, е Пробиштип да стане општина на развој, со повисоки плати, нови работни места, урбан напредок и реални инвестиции.

„Работата на градоначалникот е да биде во служба на сите граѓани. Токму таков ќе биде Тони Тоневски – градоначалник што слуша, разбира и работи за секој еден од вас,“ стои во завршниот дел од соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Серија земјотреси почувствувани во Албанија

Следно

Следува облачно и дождливо време

Latest from Blog

Градоначалникот на Прилеп повика на поширока дебата за бездомните кучиња

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, повика на поширока јавна дебата за справување со проблемот со кучињата скитници, откако на денешната седница на Советот на Општина Прилеп се дискутираше за предлогот за утврдување
Go toTop