Томовски: Во службените возила ќе се вметне и ГПС со цел зголемување на транспарентноста и контролата

September 20, 2025
1 min read

На телевизија Сител во „Тема на денот“ вечерва гостуваше Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. На самиот почеток Томовски се осврна на темата за службените возила кои треба да поседуваат специјални регистарски таблички со цел зголемување на транспарентноста и контролата во користењето на службените возила за граѓаните да можат лесно да ги разликуваат, и истите доколку постои злоупотреба да ги пријават.

Томовски објасни дека дел од службените возила се надвор од употреба и истите ќе бидат продадени после изборите и посочи дека во тие 7500 возила спаѓаат и возилата на МВР, МНР, АНБ, амбулантните возила, и сите останати во државна сопственост, потенцирајќи дека за да се функционира непречено не би било потребно да има повеќе од 2000 возила.

-Ова беше едно од оние ветувања со претседателот Христијан Мицкоски којшто го ветивме пред година дена, односно пред кампањата, и денеска имаме веќе реализација на тоа ветување. Морам да напоменам дека од оние возила коишто ги спомнуваме во јавност, околку 7500 возила, голем дел од нив се вон употреба, од вкупно 220 возила со коишто располагаме 104 ќе бидат расходовани и продадени веднаш после изборите. Сите оние 7500 коишто ги спомнуваме тука припаѓаат и возилата од Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Агенцијата за национална безбедност, амбулантните возила, противпожарните возила, се она што значи државна сопственост. Она коешто можеби би било потребно на државата, не би требало да брои повеќе од 2000 возила, за да можеме непречено понатака да функционираме, рече Томовски.

Томовски исто така истакна дека формирана е работна група која ќе пристапи кон разгледување за промена на регулативата во случај на казнување при злоупотреба и објани дека при завршување на процесот за регистарот на возилата ќе бидат поставени ГПС во возилата со цел максимално намалување на злоупотребите.

-Отпочнавме формирање на работна група меѓу Министерството за внатрешни работи и СОЗР и ќе се пристапи кон промена и измена на регулативата да видиме во рамките на законите коишто се пропишани во државата, дали има шанса нешто да се направи околу казнувањето во случај на злоупотреба. Очекувам дека тоа ќе се заврши заклучно крајот на годината, бидејќи до тогаш МВР презема одговорност да го искреира оној регистар на возила кадешто тука ќе бидат и сите возила на државата па заедно со изработката на тој регистар да можеме ние да предвидеме промена на таа регулатива па да следат и казни за можните злоупотреби. Чекаме да се заврши регистарот на возила и веднаш штом го завршиме тој процес во соработка со МВР ќе направиме една таква владина одлука, сите возила да бидат обележани со ГПС- да може максимално да ги откоренеме злоупотребите на возилата, истакна Томовски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: „Со неколку клика граѓаните ќе добиваат брзи и транспарентни услуги“

Следно

Два гола и асистенција на Пулишиќ, нова победа за Милан (ВИДЕО)

Latest from Blog

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.  20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. –

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од
Go toTop