Том Круз предизвика низа шпекулации со чуден потег: Ненадејно го напушта Лондон

January 27, 2026
1 min read

 Според странските медиуми, вработените во луксузната зграда во која се наоѓа пентхаусот на Круз во лондонскиот Најтсбриџ, вреден околу 47 милиони долари, биле изненадени од неговото ненадејно заминување во Соединетите Американски Држави.

Изворите го опишуваат потегот како чуден и необичен, особено имајќи предвид дека актерот со години е познат како голем љубител на животот во Велика Британија.

Круз, ѕвездата на франшизата „Невозможна мисија“, се пресели во Велика Британија во 2021 година и, според упатените, бил исклучително приврзан кон Лондон.

„Том го сакаше Лондон. Го сака местото каде што живее, секое утро оди на џогирање низ Хајд Парк“, изјави извор за Дејли Меил. „Уживаше во шетањето низ соседството“, додаде изворот.

Иако сè уште не е познато дали Том Круз се враќа трајно во САД, дополнителни сомневања се поттикнати од фактот дека, според британските медиуми, биле видени кутии како се изнесуваат од неговиот стан во Лондон од страна на вработените. Досега, Круз јавно не коментирал за овие обвинувања, а обожавателите и јавноста сè уште чекаат одговор на прашањето – што всушност стои зад овој ненадеен потег на една од најголемите ѕвезди во Холивуд?

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гугл се спогоди да плати 68 милиони долари поради шпионирање на корисниците

Следно

Овие уште ли живеат во 1948?

Latest from Blog

Општина Битола воведува сигурна и бесплатна Wi-Fi мрежа за граѓаните во рамки на WiFi4WB

Граѓаните и посетителите на Битола од сега можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на локацијата Градски пазар. Мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, која е финансирана од Европската Унија и
Go toTop