Тоа што не успеа Мао Це Тунг, ќе успеат излудениве либерали

July 18, 2024
1 min read

Училиштата во Калифнрија веќе спроведуваат тајни социјални транзиции на учениците, следејќи ги упатствата на Одделот за образование во Калифорнија, кој ги советува училиштата да ги кријат овие информации од родителите. Со законот „AB 1995“ се кодифицираат овие практики, зајакнувајќи ги родовите активисти против нивните критичари и родители.

А школската бирократија е и повеќе од ентузијастична да го следи трендот кој го спроведува државата. Училишниот округ на Голден Стејт, на пример, има родова политика со која на родителите им се дава оценка меѓу 1 и 10 во зависност од тоа колку „поддршка“ им даваат на замислениот трансродов идентитет на нивното дете. Ниска оценка сугерира дека тој родител неправилно се справува со тоа. Притоа родителите немаат право ни да ја знаат ни да ја оспорат добиената „оценка“.

Гувернерот Њусом призна дека родителите имаат право да го прегледуваат „дневникот“ на своето дете, но намерно не потенцираше дека се работи само за официјалниот дневник: адвокатите кои ги советуваат некои школски области им наложуваат на училиштата да креираат посебни, неофицијални записи за учениците со „родов идентитет“ за родителите да не дознаат за тоа.

Прогресивните активисти ги дизајнираат тајните политики за родова транзиција во име на заштита на приватноста на учениците и нивна безбедност од потенцијално насилно родители. Таа идеологија инсистира да се верува дека некое дете е „транс“ само затоа што во одреден момент на своето детство помислило дека е транс. Притоа, се занемарува сиот развоен контекст, основните проблеми со менталното здравје, неврокогнитивните предизвици, проблемите со социјалното прилагодување, интернализираната хомофобија или конфузијата на идентитетот.

„Врамувањето на овие борби со закон, како прашање на „автентичен“ личен идентитет што треба да се крие од родителите во име на приватноста, е бесмислено или лошо“, пишуваат Леор Сапир и Ерин Фрајдеј.

Џо Роган ментално блокира транс-активисти со едноставно прашање:

Ако мисли дека е девојче и вие верувате дека е девојче, зошто мора да му се даваат хормони за да биде повеќе девојче?

Пазете ја оваа „жртва“ на трансфобијата која ја чувствува од сите страни, првенствено од државата:

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Активни пожарите кај Калањево и Сирково

Следно

ФИФА ќе води истрага против Аргентинците кои пееја расистичка песна

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop