Тиквеш го повлече дресот со број 16 кој го носеше фудбалерот Андреј Лазаров

March 20, 2025
1 min read

Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш го повлече дресот со бројот 16 со кој настапуваше за кавадаречкиот клуб 25-годишниот фудбалер Андреј Лазаров кој го загуби живот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Лазаров, кој беше роден во Кочани, настапуваше за Тиквеш од 2019 до 2023 година, пред да ја продолжи кариерата во хрватските екипи Рудеш и Горица. Негов последен клуб во живот беше Шкупи.

„Во чест и знак на благодарност за Андреј Лазаров, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број 16 кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клупските простории за негов вечен спомен. Ангелите живеат вечно. Збогум Андреј“, објави претпладнево Тиквеш на својот фејсбук-профил.

Лазаров го загуби животот во катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ во кој во доцните ноќни часови во саботата загинаа вкупно 59 лица, а над 170 се повредени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хусите од Јемен тврдат дека извршиле ракетен напад врз аеродромот „Бен Гурион“ во Израел

Следно

Ацевски: Живееме во дива држава со партиско политички пресметки

Latest from Blog

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното
Go toTop