TikTok воведува строги нови правила: Крај за доцното „скролање“ и зависноста од екрани?

November 23, 2025
1 min read

TikTok лансира нови алатки за дигитална добросостојба: награди за помалку време на екран, забрани за ноќно скролување, медитација и нови родителски контроли. Дали ова значи крај на „doomscrolling“-от?

TikTok воведува нови алатки со кои сака да поттикне поздрави навики при користење на апликацијата, вклучувајќи награди за почитување на дневното ограничување на екранско време и избегнување на доцното „бескрајно скролaње“, пишува Euronews.

Компанијата наведува дека промените се насочени особено кон тинејџерите, кои според истражувањето од 2022 година сочинуваат над 50% од корисниците на платформата, „за да можат безбедно да ја изразуваат својата креативност, да се поврзуваат со пријателите и да учат“.

Корисниците ќе освојуваат значки ако ја избегнуваат апликацијата навечер, користат медитација, остануваат во рамки на дневното ограничување, го следат неделното користење или мотивираат други да се приклучат.

TikTok објаснува дека дизајнот на наградите е инспириран од академски истражувања кои покажуваат дека премногу строги контроли делуваат „казнено“ и се помалку ефикасни кај младите.

Новото ажурирање ги заменува претходните контроли за време на екран и додава функции за добросостојба: алатка за водење дневник, едноставен генератор на звуци и вежби за дишење.

TikTok веќе нуди алатка за медитација која се активира автоматски во 22 часот за тинејџерски профили, заедно со над 50 безбедносни и приватносни мерки кои се автоматски вклучени за малолетници.

Компанијата наведува дека корисниците на TikTok имаат поголема веројатност да се интересираат за медитација и mindfulness отколку оние кои не ја користат апликацијата.

Потсетници за новите алатки ќе се појавуваат кога корисниците ќе го достигнат дневниот лимит или кога ќе започне периодот на ноќен одмор. TikTok ги промовира овие функции преку креирачи на платформата.

Според компанијата, раните тестирања покажале дека корисниците многу почесто го посетувале новиот центар за добросостојба отколку стариот дел за поставки за екранско време, а алатката за водење дневник била најпопуларна.

Во последната година TikTok додаде и нови родителски контроли, вклучувајќи опција која му овозможува на родителот да го паузира пристапот до апликацијата за детето.

Компанијата планира следната година да издвоји 100.000 долари (86.000 евра) за истражувачки фонд посветен на дигитална безбедност.

Законодавци и здравствени експерти одамна бараат предупредувања и возрасни ограничувања за социјалните мрежи, како и забрани за мобилни телефони во училиштата, поради загриженоста за штетното влијание на прекумерното екранско време врз менталното здравје на младите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дурловски: Да се воспостават јасни, строги и транспарентни правила за организацијата, работата и јавните настапи на странските изведувач

Следно

Болсонаро ја оштетил и отстранил електронската алка на ногата поради „халуцинации“ и „параноја“

Latest from Blog

ЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал

УЕФА денеска ги објави судиите за реванш натпреварите во четвртиналето од Лигата на шампионите. Дуелот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ. Негови помошници ќе бидат Томаж

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи
Go toTop