Тешка несреќа во Аргентина, најмалку 90 лица се повредени во судир на воз и локомотива

May 11, 2024
1 min read

Најмалку 90 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.

Возот вчера се движел од Буенос Аирес кон северните предградија кога излетал од шините околу 10:30 часот на мост во населбата Палермо, соопштија безбедносните служби, пренесе „АП“. Во судирот оштетен е првиот вагон од патничкиот воз.

На местото на настанот им била укажана помош на десетици повредени, а 30 лица се префрлени во болници во умерена и тешка состојба, додека најмалку двајца биле пренесени со хеликоптер со повреди на градниот кош и скршеници на коските.

Иако сè уште не е познато зошто празниот вагон бил на пругата, аргентинскиот железнички синдикат соопшти дека од железницата е украден неколку метри бакарен кабел што се користи за пренос на електрична енергија по пругата, што го оневозможува сигналниот систем наменет да спречи такви несреќи. Обвинителите соопштија дека започнале истрага.

Официјални лица од аргентинската железничка управа Тренес Аргентинос соопштија дека сообраќајот на популарната железничка линија е прекинат. Лидерите на синдикатот кои жестоко се спротивставија на економското штедење на либералниот претседател Хавиер Милеи, ја обвинија владата за неуспехот да инвестира во јавната инфраструктура.

Судирот доведе до зголемена контрола на безбедноста на железницата во Аргентина, каде што во серија железнички несреќи од 2012 до 2014 година загинаа повеќе од 50, а беа повредени стотици луѓе.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кувајтскиот емир го распушти Парламентот, суспендира одредени членови од Уставот на 4 години

Следно

Холандија е дисквалификувана на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија.

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop