Кувајтскиот емир го распушти Парламентот, суспендира одредени членови од Уставот на 4 години

May 11, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Емирот на Кувајт, шеикот Мешал ал-Ахмад ал-Џабер ал-Сабах вчера го распушти Парламентот и суспендираше одредени членови од Уставот на земјата, јавува Анадолу.

Во говорот емитуван на државната кувајтска телевизија, шеикот Мешал нареди суспензија на некои членови од Уставот за не повеќе од четири години.

Тој го опиша потегот како „тешка одлука за спас на земјата и обезбедување на нејзиниот висок интерес“.

Додаде дека земјата се соочила со „неподносливи потешкотии и пречки“, во врска со несогласувањата меѓу Владата и Парламентот што доведоа до оставка на Владата неколку пати.

Во изминатите години често преовладуваа тензии во односите меѓу Владата и Парламентот во Кувајт, што доведе до оставка или разрешување на Владата во неколку наврати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што научивме од патувањето на Си Џинпинг во Европа

Следно

Тешка несреќа во Аргентина, најмалку 90 лица се повредени во судир на воз и локомотива

Latest from Blog

Николоски: Градежништвото бележи историски раст од речиси 22 проценти

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото бележи раст од речиси 22 % споредено со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна

Проданоски: „Старо Бонче“ заслужува да биде меѓу најзначајните археолошки локалитети во Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети археолошкиот комплекс „Старо Бонче“, каде во изминатите десетина дена интензивно се реализираат систематски археолошки истражувања. Проданоски се запознал со текот на истражувањата и досегашните
Go toTop