Терзиќ: Ц. Звезда е подобра од Пафос, ќе победиме во реваншот и ќе играме во ЛШ!

August 21, 2025
1 min read
ФОТО: FK Crvena Zvezda/FB

Откако Пафос го мина Динамо Киев во 3.квалификациско коло во ЛШ, сите во таборот на Ц. Звезда помислија дека работата е завршена, посебно во фудбалска Србија, и дека српскиот шампион е веќе во лигашката фаза во ЛШ.

Но, тоа што завчера тимот од Кипар во првиот меч од плеј – офот го покажа на “Маракана“ среде Белград, сите ги шокира. Не толку од поразот од 1:2, туку повеќе од тоа колку Пафос беше подобар тим од “црвено – белите“.

Се ова најтешко му падна се разбира на првиот човек на Ц. Звезда, Ѕвездан Терзиќ кој даде по малку чудна изјава, веројатно да се охрабри себе си најмногу, по сите оние потрошени силни милиони евра ова лето за засилувања:

Ц. Звезда е подобар тим од Пафос, ние ќе победиме во реваншот на Кипар и ќе се пласираме во Лигата на Шампионите. Лига Европа не е опција за Ц. Звезда“ истакна покрај другото Терзиќ.

Да го видиме и тоа чудо следната недела.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Подготвени сме за средба со Путин

Следно

Студентот Андреј Танко ставен во домашен притвор по протестот во Панчево

Latest from Blog

Џин Симонс од групата „ KISS“: Музичарите во Америка се третираат полошо од робови (ВИДЕО)

Симонс сведочеше пред Подкомитетот за правосудство на Сенатот на САД во вторник (9 декември), силно поддржувајќи го Законот за музичка фер игра. Предлог-законот ќе бара од радиостаниците да лиценцираат песни на уметниците

НАТО се согласи за буџет од речиси три милијарди евра за 2026 година

Сојузниците на НАТО се согласија за нивните заеднички финансирани буџети за 2026 година, одобрувајќи зголемени трошоци насочени кон зајакнување на подготвеноста и воените капацитети на алијансата. Според договорот, цивилниот буџет на НАТО

Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта
Go toTop