Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за нападите во Иран

January 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападите во Керман, Иран, во кои загинаа 84 лица, јавува Анадолу.

Во соопштението објавено на профилите на Телеграм поврзани со терористичката организација, се наведува дека терористичките напади во Иран се „самоубиствен чин“.

Се додава дека „над 300 мртви и повредени биле цел на нападот што го извршија двајца бомбаши самоубијци во близина на гробот на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Керман.“

Најмалку две силни експлозии одекнаа завчера на патот што води до гробот на највисокиот ирански генерал Касем Сулејмани, каде што се одржуваше комеморација по повод четвртата годишнина од убиството на командантот на елитната единица на иранската Револуционерна гарда, кој беше убиен во американски напад со дрон во Багдад, во јануари 2020 година.

На одбележување на годишнината се собраа илјадници луѓе.

Според најновите податоци, во нападите загинаа 84 лица, а повредени се 284 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтун: Туркије нема да дозволи да се заборави етничкото чистење насочено кон кипарските Турци

Следно

Арсовска најави формирање на политичка партија

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го
Go toTop