Screenshot

Теренскиот караван на ВЛЕН стартуваше од Дебар со фокус на проекти и инфраструктура

June 21, 2026
1 min read

Од градот ВЛЕН започна теренскиот караван по нејзиното консолидирање во единствен политички субјект, при што копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа теренската агенда со посета на градот Дебар.

Првата станица од караванот беше Дебар, каде беа разгледани тековните и планираните проекти што се реализираат под раководство на градоначалникот Фисник Мела. Посебен акцент беше ставен на изградбата на нов паркинг во центарот на градот со капацитет од околу 250 паркинг-места, инвестиција вредна приближно 350 илјади евра.

Од ВЛЕН порачуваат дека проектот има цел да ја подобри урбаната инфраструктура и да ги олесни условите за секојдневно функционирање на граѓаните, истовремено нагласувајќи дека децентрализацијата и јакнењето на општините остануваат еден од клучните приоритети на нивната политика.

Во рамки на посетата беше потенцирана и важноста на стратешките проекти како „One Stop Shop“ на граничните премини Блато и Ќафасан, кои според нив ќе придонесат за олеснет проток на луѓе и стоки, зајакнување на економските врски и регионален развој.

Од коалицијата посочија дека Дебар претставува пример за локално управување кое, како што наведуваат, успешно ги претвора визиите во конкретни резултати за граѓаните, со повеќе паралелни инвестиции што придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот.

„ВЛЕН на работа. Наш дел“, се наведува во пораката на коалицијата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

Следно

Со што ќе се соочат македонските граѓани со бугарски пасоши ако Бугарија побара да се откажат од македонското државјанство?

Latest from Blog

Костовски: На урбаната мафија и запревме 50 илјади м² бетон, таму каде што сакаа згради, денес се издига мега-паркот во Бутел (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, објави видео во кое ја покажува локацијата за која, според него, неговите политички противници планирале изградба на станбени објекти со над 50 илјади квадратни метри бетон,

КОЧО АНЃУШЕВ ВО БИТОЛА: СО БАТЕРИИ, ФАБРИКИТЕ МОЖАТ ДА ЈА КОРИСТАТ СОПСТВЕНАТА ЕВТИНА СТРУЈА И КОГА НЕМА СОНЦЕ

Фабриките што имаат фотоволтаични електрани на своите покриви можат значително да ја зголемат користа од нив доколку инвестираат и во батериски системи. Наместо да ја користат сопствената евтина електрична енергија само додека

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на
Go toTop